Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Четири месеци случајот криминал на онкологија е во предистрага, никакви нови информации нема

Скандалот на онкологија паѓа во сенка. Институциите немаат абер да го решат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот на онкологија паѓа во сенка. Институциите немаат абер да го решат проблемот, а јавноста чекајќи ги имињата на виновниците, се повеќе ја губи надежта дека вистинатата ќе излезе на виделина. Четири месеци случајот е во рацете на обвинителството и е во предистражна постапка. Бројни потресни сведоштва на пацинети и нивни најблиски очигледно беа малку за недлежните побрзо да ги најдат сторителите. Предистрагата се уште бара цврсти докази –  дали и кој се богател на грбот на најтешко болните и препродавал терапија? Од ОЈО се уште не откриваат детали за случајот, само штуро ни одговорија дека во тек е вештачење на издвоени медицински документации, а стигнати биле и дел од побараните документи од Косово.

“Интензивно се работи на анализа на прибраните докази. Во тек се наредените вештачења. Од косовското обвинителство пристигнаа дел од побараните податоци. Соработката и контактите со обвинителствата во Косово и Албанија продолжуваат за проверка на сите околности” велат од ОЈО за Алфа.

Онколошките пацинети се посебно разочарани затоа што се уште нема епилог за скандалот. Меѓудругото,се плашат дека ќе останат без биолошка терапија после новогодишните празници.Оваа информација за министерот Меџити, е дезинформација. Тој уверува дека лекови за болните од рак биле обезбедени.

Реклама

Освен разрешување на скандалот, пациентите очекуваат и растеретување на клиниката за Онкологија за сите болни да не доаѓаат во Скопје, но и многу повеќе пари, а не условен буџет за неопходната биолошка терапија.

Скандалот на Онкологија што јавноста го поистоветува со геноцид, изби на почетокот на септември кога МВР и ОЈО влегоа на онкологија, иако медимите со години претходно пишуваа за кражба на лекови и нивна препродажба на црно од страна на вработени.