Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Закани и притисоци врз вработените во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка, министерот Шаќири нема намера да се заангажира за проблемот

Министерот за образование не се потресува за случувањата во основното училиште „Тодор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за образование не се потресува за случувањата во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка кои се пред кулминација. Тамошните вработени алаермираат дека се изложени на притисоци и закани од директорката на училиштето Елена Николова. И денеска таа пред влезот на школото се соочи со незадоволни родители и жители од општината, кои од неа бараат оставка, затоа што дозволила формирање на албанска паралелка во училиштето. Гневот на родителите е голем затоа што ниту биле информирани, ниту прашани за воведување на нова паралелка за ученици од албанска нациналност.

Дали има законска основа за формирање на оваа паралелка министерот за образование не кажа. Но, ги повика родителите да изготват решение и да му го достават во кабинетот.

“Мислам дека не ви се точни податоците, јас минатата недела бев на состанок со советот на родители во општина Чашка, имавме добра дискусија со сите родители. Очекувам да дојдат во Министерството за образование со решение на проблематиката” вели министерот.

Реклама

Родителите и наставниците вчера открија дека интернатот кој служеше за децата од околните села, и е во склоп на училиштето, преку ноќ бил пренаменет во училница.Но Шаќири демантира, вели дека училницата за албанската паралелка не била во интернатот.

“Што се однесува до интернатот, јас од директорката имам побарано образложение зошто ако тоа е направено, но директорката на ОУ “Тодор Јанев” ме информираше дека училницата е во склоп на училиштето” – изјави ресорниот министер Шаќири.

Директорката на училиштето вчера за Алфа тврдеше дека имало основ за формирање на алабанска паралелка.Според неа, родителите и жителите неосновано протестирале. И побара да не се прави етничка поделба.

Инаку, училиштетo “Тодор Јанев”  според статутот е само за настава на македонски јазик, и во населено место со Македонци, а во кое според лична карта на родителите нема регистрано ниту еден жител на албански мајчин јазик.

Жителите со недели протестираат против за како што велат “насилното” и незаконско формирање на албанска паралелка во училиштето.И бараат ингеренциите врз оваа установа да се вратат на опшината, за полесно да се реши проблемот.

Ања Лукарова