Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Балкан

О’Брајан: Сериозна критика за секој кој го спречува функционирањето на ОБСЕ, тоа е директна закана кон нејзините вредности

Потребно е да упатиме сериозна критика за секој кој има намера да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребно е да упатиме сериозна критика за секој кој има намера да го блокира функционирањето на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, затоа што тоа би било директна закана кон нејзините основни вредности и заложби, но и кон животите на милиони луѓе кои се обидуваат да ги уживаат основните човекови права, потенцираше денеска помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан.

Тој во своето обраќање за време на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје посочи дека ОБСЕ го покажува патот на владите кои работат на промовирање на човековите права и основните човекови вредности.

  • Нашето присуство тука не е само привилегија туку и наш избор, бидејќи сме свесни дека секој од нас работи на тоа да ги достигне аспирациите за остварување на основните човекови права, а токму за ова потребна ни е и помош од нашите партнери. Ја поддржуваме Организацијата не само заради нас. Тука сме да бидеме еден за друг, тука сме за најранливата популација во секое општество, рече О’Брајан.

Блокадата или непочитувањето на принципите на Организацијата, како што рече, е директна закана кон нејзините основни вредности за кои се заложува уште од 1975 година.

Реклама

Тој останува на ставот со неговите колеги дека руската офанзива кон Украина е директна закана за слободата на цивилното население, за меѓународното право, како и принципите на оваа Организација.

  • Русија продолжува да ги прекршува принципите на ОБСЕ. Се приклучувам кон гласот на моите колеги кои ја повикуваат Русија да ги сопре прекршувањата на основните принципи на Организацијата, но не сум сигурни дека се волни да го слушнат. Верувам дека ОБСЕ ќе напредува и дека Малта како претседавач ќе може да заврши одлична работа во 2024 година, додаде О’Брајан.