Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Секој што има каква било информација за 14-годишната Вања, да пријави на 112

Секој што има каква било информација за 14-годишната Вања, да пријави на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој што има каква било информација за 14-годишната Вања, да пријави на 112.

Повеќе од 48 часа се трага по исчезнатата 14-годишна Вања од Скопје. Алармот преку социјалните мрежи се вклучи и во соседството.

На улиците по кои се движела Вања кон училиштето во понеделникот утрото, се залепени фотографии со надеж дека некој ќе помогне во нејзиното пронаоѓање. Последните информации се дека последниот сигнал од телефонот марка Ајфон кој го носела со себе, е лоциран на булеварот Партизански Одреди, спроти Универзалната Сала, во регионот на Дебар Маало.

Реклама

Полицијата продолжува да го бара девојчето, а во потрагата се вклучи и Ловечката Федерација на Македонија.

Вознемиреноста е на највисоко ниво со оглед на тоа дека Вања исчезна на прометни улици во период кога голем број луѓе одат на работа и деца на училиште.

А родителите токму од овој дел на градот, подолго време алармираат за инциденти кои ја загрозуваат безбедноста на нивните деца. Општина Центар барала од нив да  потпишат петиција за која од надлежните инсититуции ќе бараат механизми за намалување на меѓуврсничкото насилство и девијантно однесување.

Од МВР добиле и уверување, тврдеше тогаш градоначалникот на Центар, дека до декември поголем број полициски службеници ќе партролираат во кругот на Дебар Маало поради наводите дека добро организирана банда на малолетници напаѓа, малтретира и ограбува деца.

– Бараме измена на одредени членови во законите. Самата петиција, се собираат потписи и ќе биде доставена до сите медиуми. Ако сте прошетале деновиве низ Дебар маало и низ општината, може да забележите зголемено присуство на полицијата кои се на улиците. Целта ни е онаа малолетна деликвенција и оние немили настани да ги искорениме – рече Герасимовски на прес-конференција каде се промовираа „Маалските игри“.

Родителите од централното подрачје на градот, на средба, донеле повеќе заклучоци кои биле испратени до надлежните институции, бидејќи според нивните кажувања, група делувала така што таргетира некој што во моментот е сам или помало друштво, заплашува и го напаѓа оној што нема да успее да им побегне. Доаѓаат организирано со повозрасни лица кои ги оставаат да хараат низ Дебар Маало, кај Градежен, во Градски парк и кафулињата и сендвичарите каде најчесто се собираат помлади, велат родителите. Често во себе носеле и ладно оружје.

Една од клучните точки за кои реагирале родителите на средбата е „да не се дозволи да стигне до степен кога децата кои живеат таму веќе да не можат слободно да излегуваат на своите улици, да играат и да се дружат..“

Секој што има каква било информација за 14-годишната Вања, да пријави на 112.