Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Прилози

Пелагонија и Преспа остануваат инфраструктурно „слепо црево“- негативните последици се’ посилно „удираат“ врз бизнисите

Ако до 1998 година Регионот Пелагонија-Преспа создаваше 22 проценти од БДП, сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако до 1998 година Регионот Пелагонија-Преспа создаваше 22 проценти од БДП, сега тој процент е двојно намален. Причините за ваквиот негативен тренд се повеќе, но најмногу од се’ главниот „виновник“ е лошата или поточно никаквата патна и железничка инфраструктура, но и прескапиот транспорт, реагираат бизнисмените од овој регион, кои тврдат дека токму овој регион е локомотивата за влез во Европа.

   „Ова е регион којшто има производство од 250.000 тони јаболка, ова е регион кој што има 90.000 тони пченица и регион со 15.000 тони тутун. Ова е регион кој што нуди брз излез, брз пораст и развој на стопанската економија на Македонија, не само овој наш регион. Меѓутоа, како императив за овој развој, потребна ни е инфраструктура“ – вели Мирко Велковски, претседател на Регионална стопанска комора – Битола.

     Пелагониско-преспанските стопанственици лути се што 30 години им се ветувале европски модерни автопати и експресни патишта, а од нив се’ уште немало ништо. „Три години го чекаме и гасоводот, чекаме и евтина зелена енергија, чекаме и современа железница“, резигнирано коментираат тие.

Реклама

   „Oвде во овој регион гравитираат 10 милиони граѓани од Грција и Албанија. И овој ќе биде многу евтин Б-коридор, така што ќе се растовари оној што е 10-Д преку Гевгелија, така што овде ќе биде опццијата која што може да биде за 5 години тој автопат исплатлив и вратена таа инвестиција“, – објаснува Велковски.

  Хроничниот и веќе алармантен недостиг од работна сила е вториот сериозен проблем со кој се борат пелагониските бизнисмени. Затоа, тие бараат државата да ги олесни процедурите за увоз на работници, за колку-толку да може да се спаси македонското стопанство.

   „За жал, репродукцијата на кадри е многу слаба, увозот на работна сила не е воопшто ефикасен и е долг, макотрпен, тежок, а за жал, не направивме промена на одредена регулатива во законот за увоз на работна сила. Треба одредени подгрупи да се дополнат кои што би ни овозможиле барем да ја имаме таа опција“, – кажа Ирена Јакимоска, претседателка на Регионална стопанска комора – Прилеп.

Бизнисмените укажуваат дека вака препуштени сами на себе, единствениот излез го гледаат во инвестирањето во автоматизацијата и дигитализацијата на производствените процеси за да можат да ги одржат во живот своите компании и да бидат конкурентни на светските пазари.

Каролина Дурло