Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Мисајловски: Регионалните тензии не се директна закана за Македонија, НАТО гарантира безбедност

Македонија не се соочува со директна безбедносна закана и покрај зголемените регионални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не се соочува со директна безбедносна закана и покрај зголемените регионални и глобални тензии по руската агресија врз Украина, оцени министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој посочи дека одреден ризик секогаш постои, особено доколку земјата остане надвор од европските интеграции, но нагласи дека како членка на НАТО државата ги ужива сите безбедносни гаранции на Алијансата.

Во гостување на една од националните телевизии, одговарајќи на прашањето дали земјата би била изложена на ризик со оглед на безбедносните предизвици во регионот по руската агресија врз Украина, Мисајловски рече дека постои одреден ризик, но оти тој не треба да се создава загриженост.

– Би постоел одреден ризик, апсолутно. Но, дека тоа директно би се прелеало кај нас и би станало сериозен безбедносен предизвик, не мислам. Не треба да ја заплашуваме јавноста. Ние водиме мирољубива политика и како земја-членка на НАТО ги уживаме сите безбедносни гаранции што важат за останатите членки. Секоја закана што би се појавила, без разлика дали е надворешна или внатрешна, доколку влијае врз безбедноста на Алијансата, е предмет на заедничко дејствување – рече министерот.

Реклама

Тој нагласи дека Македонија континуирано вложува во одбраната и безбедноста како рамноправен партнер во Алијансата и има конкретна корист од соработката со сојузниците.

– Вложуваме средства за да бидеме рамноправен партнер, работиме на заеднички обуки, разменуваме информации и искуства, што им користи и на другите земји-членки, но и на нас. Кога ќе видите одредени операции што се спроведуваат во државата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и други институции, особено во спречувањето на терористички закани, големо значење има размената на информации со партнерите во НАТО. Тоа е дел од пошироката слика за безбедноста – рече министерот Мисајловски.

Осврнувајќи се на европските интеграции, тој оцени дека поголем ризик за државата би претставувало евентуалното останување надвор од Европската Унија, иако не смета дека тоа автоматски би значело директна безбедносна закана.

– Доколку го споредиме членството во Европската Унија со сегашниот статус, јасно е дека постои поголем ризик доколку останеме надвор од европските интеграции. Но, дали тој ризик е толку сериозен што директно би ја загрозил Македонија? Не верувам дека тоа ќе се случи – истакна Мисајловски.

Тој додаде дека Македонија активно учествува во заеднички обуки и активности на НАТО, разменува информации со сојузниците и вложува средства за да остане рамноправен партнер во Алијансата, оценувајќи дека безбедносната соработка со земјите-членки е на високо ниво.