Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Награда „Вавилон – нова генерација“ 2026 за најдобар студентски превод

Вчера, Делегацијата на Европската Унија во Македонија во партнерство со Филолошкиот факултет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера, Делегацијата на Европската Унија во Македонија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, ја додели наградата „Вавилон – нова генерација“ за најдобар студентски превод. Настанот се одржа во Јуроп Хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците.

Целта на наградата Вавилон е да им даде поддршка на младите преведувачи во Македонија и да ја нагласи важноста на квалитетот во книжевните преводи. На конкурсот можат да се пријават студенти со превод на книжевно дело од кој било од 24-те официјални јазици на Европската Унија на кој било од јазиците што се зборуваат во земјата. Како дел од наградата, студентите што конкурирале учествуваат и во резиденција за книжевен превод, посветена на усовршување на нивната преведувачка умешност под менторство на етаблирани преведувачи.

Овогодишната добитничка на наградата е Ивана Јаковова за преводот на краткиот расказ „Ноќ во Тунис“ (од Нил Џордан) од англиски на македонски јазик, а наградата ѝ ја додели амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Наградата се состои од студиско патување поврзано со превод.

Реклама

Конкурсот за следното издание на наградата „Вавилон – нова генерација“ ќе биде распишан во рана пролет 2027 година.