Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

13 години молат за лек за живот, лицата со цистична фиброза остануваат заборавени од државата

Тешка, болна, скапа и крајно неизвесна е борбата за животот на лицата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тешка, болна, скапа и крајно неизвесна е борбата за животот на лицата со ретки болести. Заборавени од државата и препуштени сами на себе, секое семејство секојдневно си ја бие својата битка како знае и умее. А се’ може да биде толку полесно само кога би се реанимирал нашиов мртов здравствен систем, вели родител на 13-годишно девојче кое боледува од цистична фиброза и кој од лични причини сакаше да остане анонимен за јавноста.

  • „На нашата ќерка дијагнозата и’ беше поставена кога имаше само три месеци. Оттогаш до сега, еве цели 13 години ние со тоа легнуваме, со тоа се будиме, секој момент стравувајќи за нејзиниот живот. Петпати дневно – инхалации, набавување на шверцувани антибиотици и суплементи од странство, посебен режим на исхрана. Само последниот антибиотик го платив 750 евра за две недели терапија. А кога има некоја бактерија пак, во државата најчесто воопшто ги нема потребните лекарства. Четири месеци го немаше и потребниот ензим кој што го примаат во секојдневната исхрана, па пак се снајдувавме со кријумчарење од други држави“, ни раскажа нашиот соговорник.

Загрижениот родител вели дека не добиваат никаква помош од државата. Дури и инхалаторите, кои чинат по 950 евра еден, си ги набавувале сами. А тука бил и небулајзерот за инхалаторот кој чинел 120 евра, а со секој антибиотик потребен бил и различен небулајзер.

  • „Тоа се многу пари. Но, кога се работи за животот на вашето дете не прашувате ништо. Најтрагичното е што лек има, но нашата држава ете, и со неговата набавка тактизира. А со една таблета “трикафта“ дневно би се решило се’ за и овие деца да имаат нормален живот“, – резигнирано ни рече родителот.

И додека државата спиела, единствено помош пристигнувала од извесни општествено-одговорни компании, како и од ЛС од Прилеп, која утре ќе организира хуманитарен настан за помош на овие луѓе, со цел подигање на општествената свест, но и за собирање на донации.

Реклама
  • „Ќе има поставно и кутија за донации за кој што сака и е во можност, да им помогнеме, пред се’ на Асоцијацијата, а преку Асоцијацијата и на овие семејства чии што членови ја имаат оваа болест“, – кажа Дејан Проданоски, претседател на Совет на о.Прилеп.

Во Прилеп до неодамна биле 4 семејства кои имаат членови со оваа ретка болест, но во моментов се само две, бидејќи другите две се иселиле.

Каролина Дурло