Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Синдикатите и Министерството за култура со различни концепти за порастот на платите во културата

Расте револтот кај културните работници. Повторно молат за повисоки плати и си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте револтот кај културните работници. Повторно молат за повисоки плати и си го бараат она што законски им следува, согласно колективните договори. Синдикалците од култура се жалат дека се под притисок од страна на министерката Бисера Костадиновска со тоа што на сила им се даваат изготвени поединечни решенија со кои им се регулира правото на покачување на плата спротивно на нивната волја. Вработените бараат 10% повисока плата не само во следните шест месеци како што им се ветува, туку тоа да продолжи откако ќе се покачи и минмалната плата во Македонија од март 2024.

“Културата е дел од јавниот сектор, и одредбите од ОКД важат подеднакво и за сите истанати дејствија од јавниот сектор. Временото ограничување на правото од 10% покачување до февруари 2024 година ќе ја издвои културата од другите дејности, како посебна дејност на која овие 10 % според Министерството за финансии и се многу и на онака нивните “енормни плати”. До сега откако е потпишан колективниот договор за култура ниту едно покачување на платата на вработените не поминало без турбуленции и удари по вработените во културата”. – изјави Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

Од СОНК се децидни дека членството нема да се откаже од барањата. И апелираат вработените да не стваат потпис на никакви решенија кои ќе им бидат доставени.

Реклама

“Сега се прави обид преку директорите преку издавање на нови решенија и преку притисок врз вработените да се потпишат тие решенија каде што содржината на тие решенија е соодветна на оној анекс кој што беше отфрлен, на тој начин се врши жесток притисок врз нашето члентво што не води кон принципите на добар социјален дијалог кој што сме го имале.Апелирам било какви решенија да се потпишуваат кои се спротивни на интересите и би апелирал се додека заеднички не се договориме со МК како да се надмине проблемот,мислам дека нема да биде добро ” вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Од Министерството за култура уверуваат дека вработените нема да бидат изиграни.

“Ги уверуваме синдикатите и вработените во културата дека не постои причина за недоверба за, како што велат тие, „злоупотреба на Заклучокот на Влада за доследна примена на Општиот колективен договор, пробувајќи преку наводно постапување по истиот да ја ограничи основната бруто плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со Колективните договори“ велат од Министерството за култура.

Инаку, синдикалците од култура се заканија со радикални чекори доколку не се најде заеднички договор со министерството за култура.