Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Светска банка: Македонија со највисока инфлација и најнизок раст во регионот

Македонија има највисока стапка на инфлација во изминатите 25 години , енормно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има највисока стапка на инфлација во изминатите 25 години , енормно висок јавен долг и  најбавна стапка на  раст на БДП од земјите во регионот  во 2022, покажува најновиот извештај на Светска банка. Трендот на забавен економски раст ќе  продолжи и во 2023 година, а во исто време  инфлацијата ќе расте. Од Светска банка посочуваат дека Македонија е можно да влезе во краткорочна  техничка рецесија, односно негативен економски раст кој би траел еден квартал. За годинава Светска банка предвидува дека растот на БДП во Македонија ќе изнесува 2,1 отсто, наредната година ќе биде 2,7, а во 2024 ќе достигне 2,9 отсто.

Во третиот квартал  Германија веројатно ќе покаже техничка рецесија, како што знаеме Македонија е многу изложена на германскиот пазар и заради  тоа постои очекување дека ова забавување ќе влијае врз бројките на растот на индуструското производство во Македонија. Ова не мора да значи дека оваа година земјата ќе биде во рецесија бидејќи не очекуваме раст, вели Сања Маџаревиќ – Шустер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Светска банка предупредува дека земјите од регионот не треба да се потпираат на извозот од ЕУ и треба да го поттикнат земјоелскиот сектор.  Треба да се насочат кон зелени проекти и вложување во напредни технолошки процеси кои сега се на многу ниско ниво, а Македонија инвестира најмалку од сите земји во регионот.

Реклама

Државава се соочува со ризик од стагфлација, односно раст на цените при намалено производство , и за заштита треба да почне да спроведува реформи.  Од светска банка посочуваат дека на краткорочен рок мерките треба да се насочени кон најранливите граѓани и фирмите, но за стабилизација на долг рок потребно е да се работи на реформи и кои нема толку да ја чинат државата, како моменталната работа на Парламентот, модернизација на трезорот, а и реформи во обрзованието.

Функционирањето на парламентот може да е пречка за побрзо донесување на овие реформи, видовме Закон за Буџет којшто требаше две години да помине низ собранискиот филтер. Треба да се воспостави соодветен независен мониторинг на фискалната политика и севкупно ќе биде важно заради тоа што ќе имате модернизиран трезор и даночна администрација којшто ќе дојдат во овој процес. Секако дека тоа бара време но важно е да се започне со процесот. И повеќето од овие реформи немаат фискални трошоци но ќе имаат  многу силни придобивки за општеството вклучувајќи ја и фискалната политика во иднина, Сања Маџаревиќ – Шустер, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Во однос на владините мерки, од Светска банка посочуваат дека треба да бидат насочени и временски ограничени.  Замрзнувањето на маржите е добра мерка, но изостануваат субвенци за фирмите. 

Според извештајот само 46 отсто од населението е активно на пазарот на труд, а инфлацијата го надмина растит на платите и реално имаме намалување на минималецот.  Стапката на невработеност е намалена на 14,5 проценти но се уште е висока стаплата на невработени млади лица, дури 30,9 отсто од младите се невработени.

Кристина Алексиеска