Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Власта ги „цица“ граѓаните и стопанството за да краде и не работи-остри критики од трибината на  ВМРО-ДПМНЕ

Македонската економија ја јаде инфлацијата, власта краде, не работи ништо, а сака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија ја јаде инфлацијата, власта краде, не работи ништо, а сака на грбот на граѓаните и стопанството да извлече повеќе пари во буџетот- Низа критики на адреса на власта на трибината на ВМРО ДПМНЕ посветена на ценовниот шок и сиромаштијата. Опозицијата укажува дека двоцифрената инфлација не е увезена, а критикува дека власта поради криминалот и корупцијата не сака да се откаже од дел од акцизата за бензините чии цени уриваат рекорди. Алармираат дека наместо да помогнат, власта со ребалансот сака да прибере дополнителни 112 милиони евра приходи во државната каса.

Да речеме и сега со ребалансот велат дека кај акцизите ќе соберат 437 милиони евра годинава, а минатата година беа 415 милиони евра. А, што е проблем од власта да се откажат од акцизите? 2020-та година било 365 милиони евра или да кажеме годинава планираат 73 милиони евра повеќе од 202-та година. Што е проблем да се откажат од акцизата? , истакна потпретседателката на ВМРО- ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска.

Предлог-законот за намалување на акцизата се поднесува по трет пат од пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ но, од власта нема слух. Опозџицијата критикува дека власта краде и во делот на струјата, која од први јули дополнително ќе поскапе. Предупредуваат дека Македонија се наоѓа во енергерска катаклизма, а најстрашен проблем е тоа што домашното производство е во акомулирана загуба, а причина за тоа е што ископот на јаглен не е на задоволително ниво.

Реклама

Ние имаме практично намалено домашно производство на електрична енергија, а во јавноста се пласира тезата дека нашата државна електро енергетска компанија се грижи и ја одржува цената и води сметка за граѓаните и нема никаков проблем. Ако домашното производство на ЕСМ во 2019 година било 4 200 гигават часови, 2020 опаднало на 3600 гигават часови, 2021 година 3200 гигават часови. Ова се бројки кои што потврдуваат дека Македонија е буквално во енергетска катаклизма . Прашањето е зошто е намалено производството а одговорот е многу едноставен. Ресурсот од кој што ја добиваме електричната енергија, ископот на јаглен не е на она ниво на кое што треба, рече Елена Маркова претседател на комисијата за енергетика.

Од владата остануваат глуви на барањата на опозицијата. Министерот за финансии потврди дека нема да има нови мерки. Во колумна соопшти дека со 76-те милиони проектирани во ребалансот ќе има само таргетирани мерки за ранливите категории. Бесими се правда оти таргетираниот модел  бил препорачан од Светска банка и ММФ.  

– За едновремено насочување на мерките кон ранливите категории граѓани, но и постепена фискална консолидација, новите антикризни мерки ќе бидат таргетирани. Истите треба да бидат времени за да не се нарушат трајно пазарните принципи, напиша, министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во меѓувреме ЕСМ се уште ги калкулира пресметките за цената на електричната енергија која компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум, од каде пак уверуваат дека нема да дозволат големо покачување на струјата. Финалната цена на струјата регулаторот ќе ја соопшти откако ќе ги прибере барањата. Допрва ќе се презентира новиот тарифен модел според кој  најмногу ќе плаќа оној што ќе троши највеќе.

Кристина Алексиеска