Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Каде е Драги Рашковски?

Каде е екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски? Требаше да пристигне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каде е екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски? Требаше да пристигне во Македонија пред 5 дена откако му заврши одморот во Мексико, кој според него бил ефтин, но Рашковски во јавноста го нема. Отсуството на информации за него, предизвикува дузина сомнежи кај граѓаните , прашуваат каде е Рашковски.

Тој периодов е актуелен по набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци вреден над 80 000 евра во времето кога тој беше генерален секретар на Владата.

Советникот на Заев требаше да пристигне во Македонија на 31 март, како што и самиот најави, опозицијата организираше пречек со сомбрера на скопскиот аеродром, но не го дочекаа.

Реклама

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Антикорупциската комисија отворија постапки за случајот.

Побаравме одговор дали Рашковски ќе биде повикан од страна на Обинителството и кога, но засега одговор нема, најавија дека ќе одговорат утре.

Двете институции ќе проверуваат зошто Рашковски, како генерален секретар, распишал тендер за софтвер за изрекување казни за сообраќајни прекршоци без координација со Министерството за внатрешни работи (како единствено надлежна институција за изрекување казни за сообраќајни прекршоци) и каква е поврзаноста на Рашковски со тендерот, со оглед на тоа што во 2018 година патентирал слична идеја.

Кога се обелодени аферата Рашковски беше во Мексико на одмор, и самиот тоа го потврди, рече на сопругата и било роденден, а и три години не бил на одмор, на прашањето дали избегал тој одговорил “Зошто би бегал”?

Но неговото не појавување во јавноста, отвара сомнежи, на социјалните мрежи кружат непотврдени информации.

Избришан е службениот ФБ на профил на Драги Рашковски. На телефон е недостапен. На здравје нека е Аргентина.

Алфа побара одговор од Рашковски, но до почетокот на овие вести одговор не добивме.

Мери Ѓорѓиевска

https://www.youtube.com/watch?v=LdK_3d5EZjw&feature=youtu.be