Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Економска „Обнова“ vs економска „Можеме“- позитивни критики за програмата на ВМРО ДПМНЕ

Повисоки плати, пензии, бесплатни картички, пад на невработеноста. Можат ли државниот буџет,…

Сподели:

Повисоки плати, пензии, бесплатни картички, пад на невработеноста. Можат ли државниот буџет, граѓаните и бизнисите да ги издржат економските предизборни ветувања? Главните адути на партиите се полнење на џебовите на граѓаните и сметките на фирмите.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во својата обемна програма „Обнова“ се обврзува да ја зголеми просечната плата за 25%, а минималецот на 60% од средната плата. Пензиите треба пак да растат не само според трошоците за живот, туку и согласно зголемувањето на просечната плата. Просечната пензија да порасне за 20%. ВМРО-ДПМНЕ ветува 4 милијарди евра странски инвестиции за 4 години, рамен данок од 8%, намалување на давачките.

Многумина аналитичари се прашуваат како можат да се исполнуваат ветувањата, кога даноците не се собираат според планот, а задолженоста е преголема. Од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека ќе направат итен ребаланс на буџетот и дека има простор за кратење на трошоци кај сите државни институции. Дел од бизнисмените сметаат дека економската програма на ВМРО-ДПМНЕ е стабилна, додека СДСМ ветува нешто што не може да го исполни.

Реклама

СДСМ, пак, во програмата „Можеме“ предвидува раст на просечната плата до 34.000 денари, најниска плата од 20.000 и просечна пензија од 10.700 денари. Партијата има слични ветувања како и ВМРО-ДПМНЕ од 1 милијарда евра СДИ годишно, но се разликува според визијата за даночниот систем. И покрај проблемите што им ги предизвикаа на фирмите, не се откажуваат од моделот за прогресивно одданочување.

Предвидуваат да го прошират и опфатот за добивање платежни картички на оние категории кои сега останаа со празни раце. Инаку ваквата поделба на картички, аналитичарите ја оквалификуваа како поткуп на гласачи, бидејќи се случува токму во предизборието.

Партиите се трудат да освојат што повеќе гласови и со ветувања за капитални проекти, кои ниту една Влада досега не ги реализираше според плановите.

СДСМ ветува изградба на 260 километри автопати. ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинува дека во изминатите 3 години власта само ги завршувала проектите кои ги почнала претходната влада, а партијата сега се обврзува на реконструкција на државните патишта, реализација на правецот Градско- Прилеп – Битола – грчка граница, делницата Струмица – бугарска граница, Штип-Кочани, Штип – Радовиш и многу други , како и целосна гасификација, нови авиолинии, модернизација на пруги и слично.

Тања Попова