Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

„Што ќе ви е туристичка агенција, резервирајте директно“ – нова промашена кампања на Владата

„Не ми треба туристичка агенција, сам ќе си резервирам соба“ гласи слоганот…

Сподели:

„Не ми треба туристичка агенција, сам ќе си резервирам соба“ гласи слоганот кој се појави на билбордите ширум државата на новата владина кампања со која се обидува да ги поддржи малите бизниси. Проблемот е што со вака несреќно избраниот слоган, тие директно удираат врз домашните туристички агенции кои трпат огромни загуби и штети поради пандемијата.


Со промаршената кампања наместо да им помогнат, тие ќе ги дотепаат. Туристичките работници реагираат зашто со ваквиот чекор на власта, наместо помош, добиваат контра услуга.

– Агенциите петти месец се без никакви приходи а вие ќе ни правите кампањи на затворени граници. Државата наместо директно на малиот бизнис да помогне ќе спроведува “перачки” кампањи и ќе удира на совеста на граѓаните. Не сакам ни да знам колку пари се потрошени за ова ѓубре. Лопов до лопов, сите од прв до последен, остро реагираат туристичките работници на социјалните мрежи.

Реклама

Од туристичкиот сектор оваа промоција од страна на власта ја окарактеризираа како анти кампања. Тоа што прво паѓа во очи е во негативна конотација, а треба да е спротивно, велат тие.

Туристичките работници кои ги контактираше Алфа велат дека начинот на презентација бил лош и тоа негативно се одразувало во јавноста.

Ова е време кога треба да им се помогне на луѓето, зашто туризмот е буквално на колена со 0 денари профит. Бараат државна финансиска помош.

И додека домашните агенции прават напор преку аранжмани да ја спасат сезоната со носење туристи во домашните капацитети, Владата преку кампања ги убедува граѓаните сами да си прават резервации.

Во меѓу време, на социјалните мрежи има еден куп коментари кои се исмеваат на оваа, како што ја нарекуваат анти кампања. Алармираат и дека поради панедмијата, наместо поевтинување, имало поскапување на цените.


Инаку ова не е прв пат власта да промаршува кампања. Претходно, Владата со германска фотографија промовира македонски туризам, па откако авторот иронично ни се изнасмеја, Владата експресно ги смени фотографиите.

Борис Грујоски