Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Македонија

Се преговарало само со една компанија, се купувале ракавици по цена повисока и од онаа во аптеките

Еден и пол милион евра, 71 договор, нема количини, нема поединечни цени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден и пол милион евра, 71 договор, нема количини, нема поединечни цени, тајни договори, 900 илјади евра за нови респиратори кои никој не ги видел и маски, ракавици и скафандери со цени повисоки од тие во аптека. Ова е во кратки црти суштината од извештајот на Граѓанскиот центар за комуникации, за јавните набавки што ги спровела владата од почетокот на епидемијата со Корона вирусот. Во речиси половина од случаите кога јавните институции вршеле набавки за заштита и превенција од коронавирусот, се преговарало само со една компанија, маските честопати биле платени поскапо од нивната цена во аптеките. Ова го покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации, според која во секој петти договор за јавна набавка не се објавувале ниту количините на набавените производи, ниту пак поединечните цени. За итните јавни набавки поврзани со заштита и превенција од ширењето на заразата од коронавирусот, од почетокот на март до 20 април склучени се 71 договор во вкупна вредност од 1,5 милион евра.

„Иако во мониторираниот период е зголемен бројот на објавени договори за итните набавки, сепак дел од институциите и натаму не ги објавуваат известувањата за склучен договор и самите договори“, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

Најголема поединечна набавка досега е онаа за респираторни машини, за која се потрошени 909 илјади евра. Инаку значаен дел од институциите преговараат само со една фирма пред да ги склучат итните договори.

Реклама

„Конкуренцијата во итните набавки е единствената гаранција дека добиените понуди се реален одраз на состојбите на пазарот“, пишува во извештајот.

Центарот утврдил дека се набавува најразлична опрема по различни цени, а најспорен е делот за маските

 „Шареноликост постои и во однос на скафандерите, па некои купуваат од оние за еднократна употреба, за кои плаќаат од 177 до 485 денари, а други купуваат скафандери за повеќекратна употреба, по цени од 1.180 денари. Кога станува збор за прегледните ракавици за еднократна употреба, забележана е значајна разлика во цените: од 1,76 денари до 4,70 денари. Малопродажната цена за овие ракавици е главно 3,5 денари и произлегува дека одредени институции ги купуваат по цени што се повисоки и од малопродажните“, пишува во извештајот.

Од Центарот за граѓански комуникации апелираат дека државните институции треба транспарентно да ги објавуваат сите одлуки за избор и склучените договори.

Дејан Трендов