Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Климовски: Власта сака да го свика собранието за да ги легитимира одлуките на Пендаровски и владата

Власта преку собранието сака да ја потврди неуставната одлука на претседателот Пендаровски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта преку собранието сака да ја потврди неуставната одлука на претседателот Пендаровски за вонредна состојба по втор пат и да им даде легитимитет на спорните уредби со законска сила, сметаат експертите. Според професорот по уставно право и поранешен претседател на собрнието Саво Климовски не постои основ во вакви околности да биде свикан собраниски состав кој е  веќе распуштен.

“Пратениците веќе се самораспуштиле и го чекаат денот на изборот на новите пратеници за да им го предадат мандатот. Тие се веќе бивши. Треба да бидат свесни дека се веќе бивши пратеници” , вели Климовски.

Според него ниту членот 63 од Уставот кој предвидува продолжување на мандатот на пратениците во вонредна или воена состојба не мопже да биде алиби за ваквиот потег бидејќи Пендаровски неуставно ја продолжи вонредната состојба за  уште 30 дена. За екс претседателот на парламентот особено е спорен фактот што во услови на вонредна состојба предизвикана од ковид 19 две третини од владините уредби не се директно поврзани со корона вирусот.

Реклама

“При првото прогласување на вонредната состојба можеби и можеше, но во ваква ситуација навистина нема основ. Противуставно е продолжена. Тој требаше во рок од тие 30 дена ако сакаа пратениците да бидат доследни на себе и ако имаат некои забелешки дека владата не постапувала како што треба и Пендаровски да има обраќање и да им каже што направил,а тие да одлучат што ќе прифатат, а што не”, вели Климовски.

Во меѓувреме иницијативата на власта за свикување собраниска седница доби поддршка и од опозицијата во албанскиот блок. Освен СДСМ и НСДП на иницијативата се потпишаа и пратеници од ДПА, Алијанса и БЕСА. Бараат потврдување на одлуката на шефот на државата за прогласување вонредна состојба и свикување на собранието по потреба. Иницијативата утре ќе биде доставена до спикерот Талат Џафери. Тој смета дека собранието не може пак да се свика бидејќи го вратиле мандатот.

ВМРО-ДПМНЕ е со став дека се работи за ицијатива од поранешни пратеници  и дека се што е надвор од договорот на последната лидерска средба претставува еднострано кршење на пополтичкиот договор. Од ДУИ велат дека не ја виделе иницијативата на СДСМ, но сметаат дека сите одлуки треба да се носат со консензус.

Градимир Марковски