Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Димитров: Ги имаме сите компоненти за успех, недобивањето датум ќе значи дека вратата на ЕУ е затворена за регионот

Недобивањето на датум за преговори со ЕУ за Македонија ќе значи дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недобивањето на датум за преговори со ЕУ за Македонија ќе значи дека вратата е затворена. Ваква порака упати министерот за надворешни работи Димитроив од Тинк Тенк форумот во рамки на Берлинскиот процес. САпоред шефот на македонската дипломатија случајот со нашата држава ја става Европската унија на тест.

“Во услови на непредвидливост во светот, со новата методологија и со дополнителниот Извештај за напредок имаме важни состојки за успех. На самитот во Загреб на почетокот на мај, влогот на Европа е огромен. Ќе ни треба политичко менџирање на одлуките: помалку догматски пристап од страна на поддржувачите, повизионерски пристап од страна на скептичните земји членки, за наскоро да ја зграпчат оваа можност и да обезбедат победничка ситуација и за Европа и за регионот. По три удари во ѕид ако сега со одличен извештај не се доонесе одлука тоа ќе значи дека вратата е затворена”, изјави Димитров.

Бугарската министерка за надворешни работи Захариева посочи на важноста на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Потсети дека тоа бил еден од приоритетите на бугарското претседателство.

Реклама

“Не можеме да ги бираме соседите. Ние сме тука. Ние сме во регионот и треба да се помагаме меѓусебно и да им помогнеме и на оние земји членки кои се уште не го гледаат балканот како дел од ЕУ. Моментот кога  има многу пријатели на прошѓирувањето треба да се искористи.. Во Бугарија имате еден од најсилните поддржувачи на европските перспективи за Западен Балкан. Навистина се надевам дека во март ќе има одлука за Албанија и Северна Македонија за почеток на пристапните преговори. Новата методологија е добар предлог од ЕК кој се уште не е усвоен, но тоа не треба да биде искористено како аргумен за одложување на одлуката за почеток на преговорите”, изјави Захариева.

И за прашањето за мигрантите се расправаше на форумот и беше истакнато дека треба да се изнајде механизам како да се менаџира процесот. СПоред Кристоф Бендер, заменик-претседавач на Европската иницијатива за стабилност Турција го исполнила тоа што го ветила, а ЕУ. Единственото нешто што се случило, како што истакна е финансиската поддршка за бегалците во Турција.

Градимир Марковски