Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Заев за 1ТВ „не знаеше“ ништо, ама за наводни истраги против телевизија Алфа знае и пред институциите

-Посебно во моментот каде што според мене се прави сериозна истрага, порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Посебно во моментот каде што според мене се прави сериозна истрага, порача Заев запрашан за гостување во Алфа телевизија.

Дали екс премиерот знае некои работи кои според закон не смее да ги знае? Знае ли за истрага против медиум кој е критички наклонет кон него, која дури и да постои е тајна? Овие прашања се отвораат откако вчера Зоран Заев кажа дека се водела некаква истрага против Алфа, за која засега нашиот медиум не знае ништо. Од Финансовата полиција не знаат дали е отворена предистрага бидејќи законски, тоа е тајна, но очигледно не и за лидерот на СДСМ. За истрага и да не зборуваме.

–Управата за финансиска полиција согласно делокругот на своите надлежности има превземено  дејствија и проверки и за тоа е доставено  Известување до Основното јавно обвинителство – Скопје, од каде се чекаат понатамошни насоки, меѓутоа согласно со член 289 од Законот за кривичната постапка „Сите дејствија превземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна, велат за Алфа од Финансова полиција.

Реклама

–Не ја прифаќаме, не ја прифаќаме на Алфа телевизија, бидејќи вие ќе видите зошто, изјави вчера Заев.

Човекот кој од опозиција ветуваше слобода на медиуми и се бореше против медиумски мрак, сепак оние кои се критични кон него ги смета за непријатели и им се заканува. Последниот напад не е единствен.

-Во моментот став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се „Сител“, „Канал 5“, „Алфа“ телевизија, „Дневник“ и „МРТ“. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓудрогото се финансирате и дел од пари на граѓаните, изјави Зоран Заев на 1 декември 2015 година.

Покрај споменувањето и етикетирање медиуми, Заев директно го нападна и уредникот Героски, нарекувајќи го суетен новинар, откако овој почна да објавува информации за работата на власта предводена од СДСМ, кои според него беа криминални.

-Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми прости ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт, изјави Заев на 13 август 2019-та година.

Инаку, Заев не е единствениот кој ја нападна Алфа телевизија. Покрај прес конференциите каде без никакви докази се обвинува дека Алфа е антидржавен елемент кој се финансира од црни пари, на прес конференции Алфа често е под напад и на други функционери од СДСМ, меѓу кои Радмила Шекеринска и министерот без ресор задолжен за медиуми Роберт Поповски.

Матеја Петровски