Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Во Зоолошката градина во Битола, најмногу недостасуваат вработени

Битолската Зоолошка градина која е една од најстарите на Блаканот, годинава ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолската Зоолошка градина која е една од најстарите на Блаканот, годинава ќе одбележи јубилеј од седумдесет години. На површина од два хектара, опстојуваат 150 животни од педесет врсти. При нашата посета, забележавме една слика на недореченост- од новоизградени кафези од пред неколку години, до започнати и недовршени патеки и уште неколку стари и прапотопни кафези. Одговорните во оваа установа, велат дека овие проблеми им се во првите приоритети.

Опозициските советници во локалната самоуправа чии иницијативи за овие проблеми главно се игнорирани, сметаат дека битолчани и нивните деца заслужуваат многу повеќе од она што сега го има- од животнискиот  фонд, с`е до условите во кои се сместени животните.

Забелешки имаат и здруженијата за грижа кон животните.

Реклама

Покрај состојбите во ЗОО, од “Мали херои“ укажуваат и на недоследности и недоречености во заштитата на кучињата- скитници.

Иако последниве денови јавноста беше разбранувана со трансферот на еден павијан од Скопје во Битола и назат, сепак во битолската ЗОО проблемите лежат во нешто сосема друго. Од Министерството за култура годишно примаат само 10 милиони денари со блок дотации и водат крпен живот, барајќи донации за да направат одржлив систем. Второ, ги има само 17 вработени со огромен дефицит на негуватели на животните и ветување, дека ќе добијат уште осум вработувања по изборите. Но, со тие плати од 15- 20. 000 денари, многу мина заминуваат и излегува дека вработените многу повеќе страдаат.

Петар Стефановски