Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Тензии на грчко турската граница- Бегалците тргнаа кон Европа

Бран мигранти се поблиску до македонската граница, околу 18 000 бегалици кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бран мигранти се поблиску до македонската граница, околу 18 000 бегалици кои моментално се наоѓаат на грчко турската граница тргнаа на пат кон Европа. Тензијата и притисокот од мигрантите расте. Грчката полиција употребила солзавци за да ги растера мигрантите кои според некои информации веќе влегле на тлото на Европската унија.

Oваа состојба следи откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека 18.000 бегалци и мигранти преминале од неговата земја во Европа, откако Турција утрината ги отвори своите граници кон европските земји.

„Ја отворивме вратата. Нема да ја затвориме таа врата … Зошто? Бидејќи Европската унија треба да ги исполни своите ветувања “,
Грчката влада засега не потврдува дека на нејзина територија има влезено мигранти. Но, ги повторија предупредувањата дека нема да ги пуштат мигрантите.

Реклама

„Владата ќе стори сè што е потребно да ги заштити своите граници“, изјави пред новинарите владиниот портпарол Стелиос Пецас
Тој додаде дека во изминатите 24 часа грчките власти спречиле 4.000 луѓе во обидот да преминат на нејзина територија.

Во сличен тон е и ставот на Бугарија која уште вчера најави дека нема да има толеранција кон оние кои што неелгално ќе се обидат да влезат на нејзината териоторија.

На нозе се и властите во Унгарија каде премиерот Виктор Орбан најави дека неговата земја ќе ја зајакне заштитата на својата јужна граница, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ергдоган го информирал дека Турција не може повеќе да го спречува приливот на мигранти.

Орбан свикал состанок на својот кабинет за безбедност на кој се одлучило Унгарија да ја зајакне заштитата на својата граница и да обрне посебно внимание на балканската мигрантска рута.

Ваквата состојба го вклучи алармот и кај нас, затоа што стотици мигранти ќе преминат во нашата држава доколку нашиот јужен сосед ги отвори границите.

Министерот Чулев уште вчера предупреди дека стравувањата се реални. Од владата пак велат дека се координирале и контактирале со колегите од регионот за да можат соодветно да реагираат.

Засега уверуваат дека состојбата будно се следела.