Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Ќе има ли Македонија изборна кампања без митинзи и јавни собири заради Корона?

Не очекува ли изборна кампања без митинзи? Ќе се откажат ли партиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не очекува ли изборна кампања без митинзи? Ќе се откажат ли партиите од традиционалните собири и ќе се сведат само на прес конференции и социјални медиуми, или ќе смислат нешто по-оригинално?

Денешната одлука на владата со која препорачува откажување на сите јавни собири до 6 марти поради стравот од Корона вирусот, отвора низа прашања, како на пример дали тоа се однесува и на партиските митинзи и дали е можно таа мерка да се продолжи и остане на сила до април.

Доколку е така, партиите ќе мора да се откажат од митинзи, протести или пак од масовни средби со граѓани во пресрет на предизборната кампања.

Реклама

Од државната изборна комисија велат, се надеваат дека политичките партии ќе ги почитуваат препораките на владата.

„Се надевам ќе ги почитуваат одлуките на Владата. Ситуацијата е таква во која мора сите да внимаваме и да се однесуваме одговорно. Се надевам дека ќе се однесуваат одговорно во целата ситуација“, рече Дерковски одговорајќи на новинарско прашање по денешната јавна седница на ДИК.

Од СДСМ засега немаат никаква реакција за ова прашање, додека пак ДУИ донесе одлука за одложување на неопределен рок на поголемите предвидени собири со граѓаните. Ги повикуваат и останатите партии да го сторат тоа. ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за постапките во периодот кој следи. Мицкоски смета дека единствено власта би имала корист ако собирите и протестите на опозицијата бидат одложени.

“Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат корона вирусот за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и тие молеа Бога да се случи ова за тие да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да поротестира против она лицемерие. Чекорите на ВМРО-ДПМНЕ бчлаговремено ќе бидат презентирани”, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Предизборната кампања започнува на 23 март.

Мери Ѓорѓиевска