Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

БЕСА ги заменува ДУИ во коалицијата со СДСМ ?

Завршува приказната ли  СДСМ – ДУИ?  Повторно се скараа, но овој пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршува приказната ли  СДСМ – ДУИ?  Повторно се скараа, но овој пат пожестоко. Ама дали е крај засекогаш сепак ќе покажеле изборните резултати. Заев вели дека нема да дозволел уцени на оние партии кои ќе сакаат да се приклучат по 12 април, најверојатно алудирајќи кон ДУИ, за кои и рече дека се уште имале остатоци од како што вели тој режимот.

Граѓаните знаат дека имавме доста и проблеми, но и доста негативни работи кои се случуваат кои сами од себе покажуваат дека се уште останале одредени последици од поранешната соработка со ВМРО-ДПМНЕ во времето на решимот, истакна Зоран Заев.

ДУИ пак калкулира, вели дека за евентуална коалиција со СДСМ ќе се разговарало по изборите и по резултатите од истите. Коментирајќи го политичко здружување на СДСМ и БЕСА, интегративиците велат тоа ќе било дефокаторизирање на албанскиот глас.

Реклама

Ние навистина изразуваме жалење што заради лични партиски интереси не успеаа во тоа што ние повикуваме со месеци дека помалите албански политички партии и фракции треба да се здружат, истакна Бујар Османи.
Додека СДСМ и ДУИ се натегаат, останува нејасно како се испазари БЕСА и СДСМ да настапат заедно на избори, особено ако се земе предвид дека Касами сега е опозиција, а и беше жесток критичар на власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека се мали шансите за предизборна коалиција со некоја албанска партија.

Политичките партии кои беа дел од коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат, но исто така има и политички субјекти кои преговараат со нас. Нашите позиции се јасни, принципиелни и од тие позиции отcтапување нема. Го слушнавме ставот, барањата кои се од страна на различни политички субјекти кои преговараат со нас, ние ги презентиравме нашите позиции, вели Христијан Мицкоски.

Инаку коалицијата СДСМ – БЕСА е прва ваква пред изборна коалиција за парламентарни избори.
На парламентарни избори во 2016, ДУИ освои 10 пратеника, Беса освои пет пратеници, но откако партијата се подели на две, на Беса ѝ остана двајца пратеници, а на Алтернатива тројца.

Мери Ѓорѓиевска