Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Заев: Ние не сме веќе македонска политичка партија- дали СДСМ се додворува на албанските гласачи?

-Ние не сме веќе македонска политичка партија, ние сме мултиетничка политичка партија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Ние не сме веќе македонска политичка партија, ние сме мултиетничка политичка партија.

На помалку од два месецa до изборите оваа порака ја испрати лидерот на владејачката СДСМ. Вели неговата партија повеќе не била македонска, била мултиетничка. Според познавачите целта на оваа порака е Заев да се додвори до албанското гласачко тело. Аналитичарот Александар Даштевски за Алфа вели со ваквиот потег поранешниот премиер, може многу да загуби кај македонските гласачи.

-Сметам дека е исклучиво поради додворување до албанскиот електорат, бидејќи кон тој електорат ништо не е остварено, ниту пак видовме дека некој друг се приклучи освен тие луѓе кои што претходно, пред изброите беа веќе таму. Дури некои од нив направија и штета на таа партија, како што се Мухи Зекири, Едмонд Адеми.  Оваа изјава не би влијаела позитивно врз македонското гласачко тело, изјави Даштевски за Алфа.

Реклама

И аналитичарот Марко Трошановски смета дека поради ваквиот став на поранешниот премиер, СДСМ би можеле да изгубат кај дел од македонските гласачи. Тој за Алфа вели дека владејачката партија веќе има високи функционери од други заедници, па поради тоа може да се претставува како мултиетничка.

-СДСМ покажа дека и во своите раководни структури, но и со номинациите за локалните избори, а и во Парламентот во своите редови има претставници на другите етнички заедници. И во таа смисла мислам дека има право себеси да се декларира како мултиетничка партија, изјави Трошановски.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски изрази зачуденост од изјавата на Заев, вели до 12 април од него можело да се изнаслуша се. Порача дека ВМРО-ДПМНЕ останува македонска партија, која ќе биде заштитник на интересите на македонскиот народ, но и другите етнички заедници.

-Не можам да донесам некој логичен заклучок, како може човек да се срами од родот свој, а да очекува дека другите етникуми повеќе ќе го почитуваат, кога гледаат дека тој практично своите ги остава. ВМРО-ДПМНЕ останува македонска партија, која што била и ќе остане единствен заштитник на националните интереси на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија, другите етнички заедници, но и на Република Македонија, изјави Мицкоски.

Инаку, во јавноста веќе се појавија информации дека е можна предизборна коалиција меѓу СДСМ, ДПА и БЕСА. На некој начин и Заев го потврди тоа, велејќи дека коалицирање на СДСМ со партии од албанскиот блок пред избори е реалност.

Матеја Петровски