Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Реакции: Шилегов планира „Лајка“ да биде масовна гробница за животни

Невладините и граѓаните контра планот на Шилегов за бездомните кучиња. Критикуваат дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невладините и граѓаните контра планот на Шилегов за бездомните кучиња. Критикуваат дека „Лајка“ ќе биде масовна гробница за животните. Бараат да се повлече или да се промени како што велат ужасната и нехумана програма.

Граѓански здруженија реагираат дека се прекршува Законот за заштита и благосостојба на животните. Од Анима мунди велат дека се прави невиден преседан и злоупотреба преку програмата..
„ЈП Лајка и Градот Скопје се финансирани од народни пари и да не бегаат од одговорност, и во ниту еден случај не смеат да наметнуваат правна и материјална одговорност на хуманите граѓани кои со сопствени ресурси се грижат и помагаат на заедницата за бездомни кучиња “.

На Шилегов му пристигнаа закани и од меѓународна организација за заштита на животните ЕНПА:
„Или да се повлече и промени штетната програма за животните или ќе ги искористиме сите свои ресурси и ќе привлечеме меѓународно медиумско внимание на проблемот“..

Реклама

Во средата вечер во тензична атмосфера на расправата за програмата. Шилегов убедуваше дека организациите кои сега се бунат учествувале во изработка на програмата… Невладините гневно реагираа на ваквите тврдења од градоначалникот.
Организациите стравуваат дека со оваа програма ќе бидат убиени речиси 70% од бездомните животни.