Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

За Шилегов убивањето на болни бездомни кучиња е решение за проблемот – здруженијата вријат!

Шилегов смисли зачудувачко а според активистите за права на бездомните кучиња и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шилегов смисли зачудувачко а според активистите за права на бездомните кучиња и ужасно решение: Болните кучиња да се убиваат. Синоќа расправата во градскиот совет траеше до доцна. Градоначалникот ја префрлуваше топката на активистите, а тие непрестајно гневно реагираа на неговите говори. Ваквата одлука на Шилегов му донесе закана од  меѓународна организација за заштита на животните ЕМПА  „Или да се повлече и промени штетната програма за животните или ќе ги искористиме сите свои ресурси и ќе привлечеме меѓународно медиумско внимание на проблемот“.

  • Ако сакате да го запознаете Шилегов кој не останува должен на никој одговори, да ги повикаме претставниците што ми го имаат пратено писмото, јас сум спремен сите кучиња на кој што ќе  дијагностицираме дека имаат определена болест да им ги дадам во Италија да ги третираат. -возврати Шилегов

Според активистите најголемите проблеми ќе настанат кога ќе треба да се дијагностицира болеста кај кучето, по што ако се покаже неизлечива се предвидува евтаназирање односно убивање – без поголема можност за понатамошно лекување. Светските искуства говорат дека овие тестирања не Се веродостојни, а можноста за грешка на испитувањето е неверојатни  97 отсто. Но организациите станаа гневни кога Шилегов се обиде да ги убедува дека тие ја изработиле програмата.

  • На ниеден начин оваа не може да се нарече европска програма, не може да се нарече програма која има за цел трајно и хумано да го контролира бројот на бездомни животни на улиците на Скопје – вели Драгана Велковска советник во град Скопје.

Не искористивте предизборно а сега од ветеното направивте сосема спротивно, реплицираше активистката Радмила Пешева.

Реклама
  • Јас не гледам како ние учествуваме кога вие не не удостоивте со ниту еден меил, а комо ли да се сретнете лице в лице со нас па да поразговараме нешто – вели Пешева

Инаку здруженијата своевремено предложија своја програма која не беше прифатена. Стационарот Лајка ќе биде поголема масовна гробница за невини животни, предупредуваат. Стравуваат дека со оваа програма ќе бидат убиени речиси 70% од бездомните животни.

„Лајка“ треба да почне со работа за најмногу три месеци, а градот нема направено истражување и не знае колку бездомни животни скитаат по улиците на Скопје.

Дејан Трендов