Уште еден Македонец заразен со корона вирус. Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус.
Освен членот на екипажот на јапонскиот крузер, кој е хоспитализиран во јапонска болница, уште еден наш државјанин е во изолација во болница во Франција.
Уште 67 лица се заразени со корона вирусот на крузерот „Дајмонд принцес“.Со тоа бројот на заразени на бродот, на кој има околу 3.700 патници и членови на екипажот, се зголеми на 286 лица.
Прв смртен случај од корона вирусот е потврден во Европа. Туристка од Кина почина во Франција поради последици од новиот коронавирус. Жртвата е 80-годишна жена од Кина која поради коронавирусот била хоспитализирана во Париз.
Со новопријавените случаи бројот на заразени се искачи на 66.492, а вкупно починаа 1.523 лица.
