Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Обвинителството молчи дали ќе истражува- дали вчера техничкиот премиер стори кривично дело?

Дали синоќа беше сторено кривично дело со повторното праќање на предлог Законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали синоќа беше сторено кривично дело со повторното праќање на предлог Законот за Јавно обвинителство во Собранието? Имено, Владата новиот текст го прати без истиот да помине на владина седница.

Алфа праша во Обвинителството дали ќе го испита трансферот на новиот предлог текст, но од таму одговор се уште не добивме.

Пратеникот од опозицијата, Антонио Милошоски уште синоќа предупреди дека е прекршен деловникот на Владата.

Реклама

–Не може Оливер Спасовски сам да достави парче хартија кое нема легитимитет и е злоупотреба на неговата позиција, спротивно на Деловникот на владата и да побара повлекување без владина одлука. – рече Милошоски.

Додека во јавноста се поставува прашањето дали техничкиот премиер ќе добие кривична пријава, Заев вели опозицијата била виновна што морало да се праќа нов текст од законот. Според неговите зборови ВМРО-ДПМНЕ вршеле притисоци кон пратениците да не гласаат за Законот за јавно обвинителство.

Инаку, праќањето на втор предлог текст, Владата го оправдуваше со тоа дека се работело за технички промени. Но ако се споредат двата предлог текста, во вториот може да се забележи и бадентеровиот начин на бирање обвинители, а за разлика од првиот таму се вметнати и одредбите Законот за јазици, кој од Венецијанската комисија беше прогласен за против уставен.

Матеја Петровски