Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Си прават ли владините функционери „нати го, дај ми го“ со бизнисмени?

Сопственик на фирма која, особено во последните неколку години, редовно добива огромни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сопственик на фирма која, особено во последните неколку години, редовно добива огромни тендери за набавка на медицинска опрема за државните болници, кој е и пријател на Филипче, гради куќа, заедно со, според засега непотврдени информации, тештата на министерот за здравство.

Откако до редакцијата на Алфа пристигна документациja за објектот во Нерези, Алфа тргна во потрага по него, со цел од терен да потврдиме дали таква куќа постои, и е во процедура на градба. Кога се приближивме до преубавата локација на која никнуваат две, на навидум силни градби, чии поглед е како да го имаш „Скопје на дланка“, забележавме и десетина работници.

Куќата се наоѓа во Горно Нерези, во местото викано Рупе, а според катастарските парцели се простира на површина од над 1000 м2.

Реклама

Сопствениците на парцелите кои се уште фигурираат како ниви, се наведени и во агенцијата за катастар на недвижности. Истите соодвествуваат на имињата што како инвеститори се впишани на таблата пред објектот.

Алфа се обиде да стапи во контакт со сопственикот на „Синерџи“, со цел да ги потврди или негира информациите до кои дојдовме. Од компанијата ни рекоа дека не бил на работното место, и не упатија до директорката, која пак реши да не одговори на нашите барања за личен контакт од нејзиниот претпоставен.

За да ги потврдиме информациите дали станува збор за истото лице, обезбедивме и податоци од централниот регистар, при што се потврдува оти адресата на живеење на инвеститорот на куќата е идентична на онаа наведена во податоците на државниот трговски регистар на фирми.

Алфа го праша и министерот Филипче, дали е близок со сопственикот на фирмата „Синерџи“ која патем, само пред неполн месец си доби тендер за набавка на медицински материјал за државната клиника за трауматологија „тежок“ 1,7 милиони евра. Филипле посочи дека се пријатели.

Ниту потврди, ниту негираше дека негов, како што посочи, не многу близок пријател, инаку редовен добитник на многубројни тендери, гради куќа заедно со мајката на неговата сопруга.

Но, на дирекно прашање на Алфа, дали има договор со пријателот, куќата да му припадне нему како подарок, Филипче, низ насмевка вели „јас не можам да кажам што можам да очекувам, дај боже”.

Останува отворено прашањето, дали функционери и сопственици на бизниси си имаат усен или писмен договор „јас тебе тендер, ти мене куќа“, иако тоа реално не е спротивно на законите. Но, договорите за набавка на опрема во јавните установи не вклучуваат пари од џеб, туку, доаѓаат од касата на министерствата или државните институции, кои сепак, се пари од и за народот.

Сања Т.Ставров