Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Во ОЈО полицајци на распит, Чулев – не се од мојот тим

Неколку полицајци од секторот за прикриени операции од Бирото за јавна безбедност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку полицајци од секторот за прикриени операции од Бирото за јавна безбедност денеска доцна попладнето се повикани на разговор во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдија за Алфа оттаму. Нема прецизна информација зошто полицајците се осомничени, само добивме потврда дека им се одземени мобилните телефони и со нив се врши разговор, а во оваа фаза од постапката обвинителството не е во можност да дава дополнителни информации. Во меѓувреме некои медиуми објави информации дека биле уапсени членови од кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев како и високи функционери и началници кои тој ги поставил. Министерот Чулев најостро ја демантираше оваа информација

„Во врска со пишувањата во медиумите за наводни апсења на лица кои се дел од мојот тим, би сакал да ја информирам јавноста дека најостро ги демантариме овие наводи. Имено, станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна. Во таа насока во целост ги демантирам наводите објавени во медиумите кои се креирани од луѓе кои сакаат да застанат на патот на правдата. Уште еднаш напоменувам дека изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи. Овие лажни вести се пласираат за да се нанесе штета на моето работење и на моите соработници“ – објави Чулев.