Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за иницијативата за распуштање на Собранието, СДСМ во потрага по 80 пратеници за Законот за јавното обвинителство

СДСМ е оптимист за изгласување на Законот за јавно обвинителство пред распуштањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ е оптимист за изгласување на Законот за јавно обвинителство пред распуштањето на парламентот, ВМРО-ДПМНЕ се противи на како што велат партиските верзии на законски решенија кои ги предлага власта. Неизвесно е и натаму дали овој собраниски состав ќе се распушти со консензус за еден од најважните закони. Социјалдемократите тврдат дека и ако се одложи распуштањето и се изгласаат измените на изборниот законик и законот за јавно обвинителство нема пречка за избори на 12 Април. Сепак не одговараат на прашањето дали ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ парламентот да работи уште шест дена.

“Избори на 12 април ќе има. Дали Собранието ќе се распушти на 12 февруари зависи од тоа во каков одмор ќе влезе ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот за јавно обвинителство и за сите овие други закони. Секако, сите уставни и законски рокови ќе бидат испочитувани. ВМРО-ДПМНЕ од избори на 12 април нема шанси да избега”, изјави Јован Митревски од СДСМ

Опозицијата пак реагира дека во оптек е првичната верзија доставен од министерството за правда, а не закон со забелешки од експерти од јавната расправа.

Реклама

“Во Собранието, драфт-верзијата која се дебатираше на јавната расправа и на која беа поканети еминентни стручни лица од областа за која дискутираме, се уште не е во собраниска процедура. Ние го имаме во собраниска процедура старото законско решение кое е различно од ова за што дебатираа експертите. По завршувањето на јавната дебата гледаме дека министерката за правда Рената Дескоска воопшто не е спремна да ги почитува забелешките на експертите”, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

И собранискиот спикер Талат Џафери рече дека не гледа пречка за распуштање на собранието на 12 Февруари. Тој смета дека за спроведување на сите изборни дејствија е потребен 51 ден.

Градимир Марковски