Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Македонија со корона вирусот ќе се бори како и со загадувањето – ќе моли бога да не заобиколи

Додека корона вирусот полека се сели на европскиот континент, Македонија се уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека корона вирусот полека се сели на европскиот континент, Македонија се уште ги чека реагенсите, но сега се јавува и основен проблем – “Не дај Боже” да се појави вирусот затоа што здравствените работници ќе немаат маски, ракавици, очила, заштитни мантили. Од комисијата за заразни болести се жалат, дека земјава нема доволно резерви на основна заштитна опрема во случај на појава на вирусот.

„Државата е подготвена за корона вирусот, но количините на заштитна опрема се недоволни. Во процедура е постапка за дополнителна набавка на маски, ракавици, очила, заштитни мантили, се што треба, – изјави Гордана Кузмановска,член на Институт за јавно здравје.

Во меѓувреме, превентивните мерки против корона вирусот се зголемуваат. Освен патниците од Истанбул и Дубаи, со термална камера на скопскиот аеродром ќе се скенираат и патниците кои доаѓаат од Доха.

Реклама

“Случај на корона вирус може да има во кој било дел на светот и дека е можно во секој момент да влезе и да се увезе од таму. Бидејќи сите комуницираме директно или индиректно со Кина, треба да очекуваме да се појави каде било.” – изјави Кузмановска.

За македонската државјанка која беше евакуирана од Вухан, од комисијата велат дека се уште не била во земјава, и дека властите во Франција одлучиле заедно со другите кои беа евакуирани да ги чуваат под здравствен надзор.

Инаку, бројот на починати од корона надмина 360, а вирусот ја зеде првата жртва надвор од Кина, регистрирана на Филипините. Заразени се над 17 илјади луѓе во 23 земји, а глобалната психоза веќе отвори и вербална војна. Во меѓувреме, продолжува трката за пронаоѓање на вакцина.

Ања Василева