Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Филипче смирува – Во Македонија не долетале патници со коронавирусот

Додека корнавирусот коси низ светот, македонските власти тврдат дека нема простор за…

Сподели:

Додека корнавирусот коси низ светот, македонските власти тврдат дека нема простор за паника од ширење на вирусот во земјава. Термо-камера на скопскиот аеродром четврти ден лови сомнителни патници со покачена телесна температура. Скенерот се уште не регистрирал такви, немало ниту лажна тревога – патник со симптоми на обичен грип, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

“Се обезбедивме од неколку страни. Имаме практично секојдневна комуникација со Управата за цивилно воздухопловство која има директен линк со авиокомпаниите и ни укажуваат однапред дали на овие летови кои доаѓаат од овие две дестинации може да очекуваме патници кои доаѓаат од Кина. Такви патници засега во нашата земја не се дојдени, ниту пак има со овој лет што сега стигнува од Дубаи, меѓутоа за секој случај ќе се спроведе скринингот,” – рече Филипче.

Досега немало патник од Кина кој сменил неколку аеродроми пред да слета на скопскиот аеродром,информира Филипче,  додавајќи дека засега, термо-камери се превентивна мерка само на аеродром, а не и на граничните премини.

Реклама

Во меѓувреме расте црниот биланс од Корона вирусот. Бројката на починати во Кина достигна 170 а заразени се повеќе од  7.700.

Насекаде во светот е пренесен вирусот за кој епидемиолозите се уште немаат комплетни информации. На европско тло освен во Франција и Германија, носител на вирусот кој може да биде смртоносен има и во Финска. Во Светската здравствена организација имаат зачестени состаноци и на нив е да донесат одлука дали ќе прогласат епидемија на светско ниво.

Ања Василева