Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Македонија

Еврокомесарот за проширување Вархеји го сподели интервјуто на Република со Николоски, вели дека ќе се обиде да ги исполни очекувањата

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји преку социјалните мрежи го сподели интервјуто на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји преку социјалните мрежи го сподели интервјуто на Република со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во интервјуто, Николоски вели дека Вархеји е голем пријател како на партијата така и на Македонија, и дека очекува големи успеси за време на неговиот мандат.

Многу пофални пораки. Се надевам дека ќе успеам да ги исполнам очекувањата. Среќен сум што ќе соработуваме. Важно е да работиме заедно, порача Вархеји, споделувајќи го интервјуто на Република со Николоски.

Реклама

Николоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ има одлична соработка со унгарската владејачка партија Фидеш, од чии редови доаѓа Вархеји, како и со Унгарија во целина и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го користи ова пријателство во интерес на Република Македонија.

Господинот Вархеји е голем пријател на Република Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Одличното пријателство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата ФИДЕС од Унгарија треба да се искористи како и долгогодишното пријателство и соработка помеѓу Македонија и Унгарија. Ова е огромна шанса за Македонија и за прв пат имаме голем пријател на позиција еврокомесар за проширување. Мислам дека мора да го искористиме пријателството и неговата желба да ѝ помогне на Македонија. Очекуваме еден близок пристап и поддршка во патот на евроинтеграциите на Република Македонија.

Господинот Вархеји е добро запознаен со состојбите во регионот и политичката ситуација во Македонија. Се работи за еден исклучително посветен комесар кој што од самиот почеток влегува амбициозно во целата оваа работа и заедно со негова поддршка се надеваме на почеток на преговори и на тоа дека ќе успееме брзо да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ и во блиска иднина Македонија да стане земја-членка на ЕУ, изјави Николоски во интервјуто за Република на англиски јазик.