Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Македонија

Низа нерегуларности – Владата го раскина договорот за концесија со „Летница Белвица”

Поради утврдени нерегуларности, по три месечно стопанисување, Владата го раскина договорот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради утврдени нерегуларности, по три месечно стопанисување, Владата го раскина договорот за концесија со струшката фирма „Летница Белвица”. Откако рибарите од Радожда јавно пред камерата на Алфа проговорија за организираниот криминал кој како што тврдеа го врши фирмата „Летница Белвица“ чиј сопственик Милорад Чавкоски ја доби концесијата за стопански риболов на Охридското езеро,инспекциските служби извршија вонреден инспекциски надзор. Во нивните извештаи стои дека концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибите, не водел точна навремена и целосна евиденција на уловената риба, а регистирани биле и нерегуларности во делот на пријавување на вработените.

Рибарите од Радожда и денес сведочеа дека за само 3 месеци, дури и во период на строга забрана за лов, на црно со амин на концесионерот се изловувале со тони риба, пастрмка и белвица.

Рибарите тврдат дека рибата завршувала на софра во угостителските објекти на концесионерот Милорад Чавкоски, и извесен Пепи Винца од Велшета. И не само таму, од Државниот инспекторат велат дека во еден ден заплениле над 50 кг пастрмка во рестораните.

Реклама

Поради одземање на концесијата, годинава нема да се врши и вештачки мрест на езерото.

Од министерството за земјоделие велат дека конкурс за избор на нов концесионер ќе се распишел по изборите, а доготаш на владина седница ќе се формирало координативно тело кое ќе се грижи за заштита на рибниот фонд во езерото.

Росица Голабоска