Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Македонија

Ќе биде ли Преспанскиот главна тема во кампањата на СДСМ? Заев вели ќе се фокусирале и на економија

Два дена Преспанскиот договор и што со него доколку не останат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два дена Преспанскиот договор и што со него доколку не останат на власт е главната тема со која се занимаваат СДСМ и Заев, но и понатаму тврдат дека тоа немало да биде основната теза за изборите. Заев вчера одржа и посебна прес-конференција за што ќе се случело со договорот од Преспа ако на власт дојдат ВМРО-ДПМНЕ, а неговиот портпарол ги повтори тезите денеска, ама лидерот на СДСМ како да се премислува – вели во предизборието ќе зборуваат за економија.

“Не може ние политичарите да не ги споменеме. За мене е ризик уништувањето на Преспанскиот договор. Прво затвараме еден нов сосеед повторно со проблем на ново вето, ретроградни процеси, кавги со соседите или слично и затоа секогаш ќе го спомнувам. Лично ќе се посветам со огромна доминација на економијата за да има вистински економски натпревар помежу политичките субјекти. Две работи ќе бидат дооминантни во следниот четиригодишен период, економија и трансформација севкупна на нашето општество”, изјави Заев.

Токму економијата и реалниот живот на граѓаните, како што Алфа го предупреди премиерот, се главна тема на сите избори, но како Заев планира да им се наврати, ако секој ден повторува дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт, ќе го поништи договорот, а со тоа ќе сме го загубеле НАТО и ЕУ.

Реклама

Како што наближуваат изборите, раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување на договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ сака да го укине договорот кој не внесе во НАТО и не донесе на чекор до преговори со Европската Унија, изјави на вчерашната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

И додека СДСМ се занимава со хипотетички ситуации oстанува не одговорено прашањето како доколку влеземе во НАТО годинава, некогаш би можеле да не исклучат оти одредена партија сака ревидирање на Преспанскиот и како државата би се вратила 20 години назад кога договорот постои само 2 години.

Meри Ѓорѓиевска