Реклама

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Македонија

Плаши ли Заев со Преспанскиот договор , за да дефокусира од вистинските проблеми?!

Кампањата за изборите изгледа започна. Додека ВМРО-ДПМНЕ и официјално најави дека нивниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кампањата за изборите изгледа започна. Додека ВМРО-ДПМНЕ и официјално најави дека нивниот карван „Обнова„ од денеска тргнува на терен, Заев по десетина дена медиумска пауза го фрли на маса единственото оружје кое го има – Преспанскиот договор.

Како што наближуваат изборите, раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување на договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ сака да го укине договорот кој не внесе во НАТО и не донесе на чекор до преговори со Европската Унија, изјави на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Дали е ова најава дека за време на кампањата ќе се обидува да ја натера опозицијата да се занимава со Преспа, што е лизгав терен, наместо со економијата, здравството, образованието и останатите области во кои власта досега речиси воопшто и не забележа видлив успех со кој би можела да излезе пред граѓаните.
Додека социјал-демократите наметнуваат расправа од типот „што би било кога би било“ од опозициската ВМРО-ДПМНЕ категорично одговараат дека ќе го ревидираат Преспанскиот со поддршка на граѓаните, односно ако добијат двотретинско мнозинство во парламентот.

Реклама

Ние не се закануваме, ние покажуваме она што граѓаните го мислат и што ВМРО-ДПМНЕ го мисли, ние сепак стоиме позади тоа дека овој договор е штетен. И ќе биде штетен и ќе остане штетен бидејќи се задира во идентитетот, се задира во се она македонско. И точно така ние веќе неколку пати кажуваме дека доколку граѓаните ни дадат шанса ние ќе пробаме да го ревидираме. Не се закануваме по никого сакаме да имаме пријатели насекаде, но се разбира не треба да се срамиме од тоа што сме и никогаш нема да се срамиме. Ние сме Македонци и ќе останеме Македонци каде и да сме, истакна Владо Мисајловски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Останува отворено прашањето дали Заев и неговиот тим во недостаток на идеи за своја изборна програма, силите ќе ги насочат кон негативна кампања против идеите и програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мери Ѓорѓиевска