Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Мизрахи во посета на Специјалниот завод во Демир Капија: Ова е чист ужас

Прокиснати тавани, мувлосани и искршени тоалети, влага и нечистотија. Во вакви катастрофални,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прокиснати тавани, мувлосани и искршени тоалети, влага и нечистотија. Во вакви катастрофални, нечовечни и нехумани услови живеат штитениците на Специјалниот завод во Демир Капија. Установата во која се сместени десетици лица со попреченост работи под капата на Министерството за труд и социјална политика. Таму вчера била ресорната техничка министерка Мизрахи. Таа и преку социјалните мрежи се пожали за ужасот кој го видела. Вели тешко и е да зборува за состојбата во која ја затекнала установата.

„Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чист ужас. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме обоени ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е се уште онаа од 56-та односно 58-ма година“, вели техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Според Мизрахи условите за хигиена биле мизерни, а штитениците оставени сами на себе. Проблем вели е и кадарот, бидејќи по една негователка се грижела за повеќе лица.

Реклама

„На почетокот на владеењето на СДСМ оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за шест корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден неговател“, вели Мизрахи.

За ова Алфа став побара во Специјалниот Завод. Прашавме како ги коментираат изјавите на министерката и колку штитеници во моментов се згрижени во установата? Заменичката по овластување В.Д директор, која ни се претстави како Суза Мишкова, ни рече дека нема да ни даде никаква изјава оти ги знаела своите права, била правник по професија и без дозвола од Министерството не смеела да дава никакви информации.

Инаку, поранешната министерка за труд, Мила Царовска уште пред две години ветуваше подобри услови за живот за штитениците од оваа институција, вклучително и поквалитетна исхрана и редовни здравствени прегледи.

Според најавите од Министерството кон крајот на минатата година, последната група деца до 18 годишна возраст кои живееја во овој Завод беа преместени во мал групен дом.

Биљана Божиновска