Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Судскиот процес за „ТНТ“ се враќа на почеток

Судењето за случајот „ТНТ“ ќе стартува одново. Поротничката Лидија Ивановска Кочковска чиј…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судењето за случајот „ТНТ“ ќе стартува одново. Поротничката Лидија Ивановска Кочковска чиј мандат беше истечен, но не и констатиран од страна на Судскиот совет, утрово си поднела неотповиклива оставка. Судиите кои постапуваат во предметот „ТНТ”, Огнен Ставрев и Осман Шабани ја прифатиле оставката и одлучија судењето веќе утре да почне од почеток. Но, останува неизвесно дали случајот ќе продолжи со читање на доказите со цел постапката да се забрза или доказите ќе се изведуваат одново. Судиите побараа да не се одолговлекува.

За адвокатите, кои со денови алармираа за незаконско постапување во Кривичниот суд, победила правдата. Во однос на доказите, велат ќе ја прифателе одлуката на мнозинството.

„Има два начини. Едно да се изведат, второ да се читаат. По мене подобро да се изведат повторно меѓутоа ако се согласат сите и јас би се согласил, затоа што јас на пример само два часа имав извршено увид во постапката и од доказите не знам ништо. И едното и другото како ќе одлучат мнозинството јас ќе прифатам, нема да правам опструкции, зашто во интерес ни е да ја докажеме правдата и вистината“, вели адвокатот Јовица Страшевски.

Реклама

Јавниот обвинител Рустеми, пак вели дека оти се исполнила целта на одбраната, судењето да се врати на почеток. Очекува постапката да трае подолго.

„Мислам дека нема да се согласи одбраната да се прочитаат исказите и да се одвива побрзо судењето. Мислам дека нивната цел беше поинаква, да се одологовлечи постапката и да трае можеби година две“, вели јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Двајца од обвинетите не беа присутни на денешното судење. Одбраната вели немале добиено уредна документација од судот.

Биљана Божиновска