Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Една недела техничка влада, судири министри-заменици, Чулев и Петровска не се согласија за началник на СВР Скопје

Дополнителната заменичка во МВР Славјанка Петровска не го потпиша решението на министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дополнителната заменичка во МВР Славјанка Петровска не го потпиша решението на министерот Наќе Чулев, Ристо Ставревски да биде началник на СВР Скопје. Во изјава за медиумите Петровска потегот го правда со тоа што за Ставревски имало аудио снимки, вршел притисок врз гласачи, бил соработник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и сведок во случајот “тенк”. Иако по состанок на кој присуствувале техничкиот министер и дополнителната заменичка МВР излезе со соопштение во кое Ставревски е наведен како началник, Петровска во изјава за МИА вели дека тој е назначен без нејзин потпис. Таа го потпишала единствено решението за дополнителниот заменик – началник.

Чулев реагира дека назначувањето на Ставревски е во согласност со потребните критериуми.

“Лицето има потребен степен на образование, работно искуство и важечки сертификат за класифицирани информации. Тоа што бил дел од нечиј кабинет не е услов или пречка за распоредување. Ја потсетувам дополнителната заменичка дека токму нејзината секретарка била член на истиот кабинет во кој бил Ристо Ставревски”.вели министерот за внатрешни работи.

Реклама

Чулев и Петровска постигнаа соогласност за началниците и дополнителните заменици во СВР Битола, Струмица, Охрид и Штип и Велес. Нивните несогласувања за СВР Скопје се последни во низата судири за разни прашања меѓу министрите и нивните заменици во преодната влада.

Дел од медиумите објавија дека министерката за финансии преку писмен допис им дала упатства на своите соработници што и како треба да поостапуваат доколку некој бара да комуницира со Гордана Димитриеска-Кочоска дополнителниот заменик министер. Димитриоеска-Кочовска предупреди дека забраната за комуникација го потврдувал стравот од разобличување на вистината и односот на власта во последните три години.

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи влезе во конфликт со дополнителната заменичка Санела Шкријељ. Мизрахи обвини за нерешавање на предмети со барања за додаток на туѓа нега, а Шкријељ возврати дека министерката не го познава законот.

Градимир Марковски