Реклама

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Македонија

Најубавиот подарок за Божик“ – прва божикна претстава во нашата земја

Во радосниот амбиент на предбожикните денови, најмладите жители на Скопје имаа прекрасна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во радосниот амбиент на предбожикните денови, најмладите жители на Скопје имаа прекрасна можност да научат нешто повеќе за празникот Рождество Христово преку драмската изведба на приказната „Најубавиот подарок за Божик“ од авторот Воскресија Бадниковска, објави Бигорскиот манастир.

Зад овој проект, како што се наведува, стоеше и навистина многу се потруди продуцентската куќа „Аурипигмент“, а во реализацијата зедоа учество и популарните млади актери од филмската школа „Тинтири Минтири“.

Ова е прво драмско дело од ваков вид со учество на толку многу деца – актери, но и општо земено прва божикна претстава во нашата земја, која беше поставена во Театарот Комедија. Во претставата учествуваат и актерите Дејан Лилиќ и Марина Поп Панкова.

Реклама

Нивниот магичен настап и неверојатна харизма на сцената успешно ја внесоа публиката во убавината на божикниот настан и ја поттикнаа активно да се заинтересира за пораките кои произлегуваа од содржината на драмата.

Вешто составените дијалози преку кои, освен божикниот настан се третираа и актуелни теми, добро ја исполнија својата улога и на децата им пренесоа вистинско празнично расположение и чувство за поголема другарска солидарност, љубов и добрина, а не пропуштија и слатко да ги насмеат со комичните ноти кои провејуваа во драмата, стои во објавата на манастирот.

Освен споменатите, не помал удел за успехот и масовната посетеност на ова драмско дело, имаше и режисерот Кузман Кузмановски, драматуршкиот соработник Билјана Крајчевска, музичкиот соработник Владимир Димовски, популарните пејачи Влатко Лозановски – Лозано и Димитар Андоновски, како и водителот од ТВ Канал 5 Ване Маркоски. Од Бигорскиот манастир изразуваат надеж дека претставите од ваков едукативен вид ќе станат постојана практика, особено спроти значајните христијански празници и настани.