Реклама

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Македонија

Тачи: Би коалицирал со СДСМ ако бидам вицепремиер и ако ДУИ не е во владата

  ДУИ да не биде во владата и тој да биде единствен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 

ДУИ да не биде во владата и тој да биде единствен вицепремиер.Ова се условите на Мендух Тачи под кои би се согласил да направи предизборна коалиција со СДСМ. Ако социјалдемократите одлучат да прават коалиција со пратијата на Ахмети ќе мора да заборават на неговата поддршка.

“Условот е ДУИ да не биде дел од следната влада и вториот услов е претседателот на ДПА да биде вицепремиер и да има само еден вицепремиер”, изјави Тачи.

Реклама

Првичните коментари од СДСМ се дека изјавата на Тачи ја гледаат како негово позиционирање пред изборите. Ставот на лидерот на ДПА дополнително ги проблематизира релациите на СДСМ со партиите од албанскиот политички блок. Непосредно пред формирањето на техничката влада Заев го преиспитуваше заедничкото функционирање со Ахмети. Причина беа 5000 амандмани за изборниот законик.

“СДСМ сериозно ќе размисли за односот во коалицијата со ДУИ по блокадата на измените во Изборниот законик кои требаше да донесат една изборна единица. Нивниот коалиционен партнер во владата ДУИ поднесе над 5.000 амандмани. Според Заев сите политички пораки што се испратени ќе бидат разгледани”, изјави Заев.

Интегративците се убедени дека тие ќе бидат клучен фактор за формирање на идната владина коалиција. Без оглед дали ќе се случи групирање на Алијанса за албанците и Беса.

ВМРО-ДПМНЕ е со став дека не исклучува предизборна коалиција со било која партија на Албанците или за разговори за постизборно коалицирање. ВМРО-ДППМНЕ со БЕСА изминатов период се координираше за повеќе прашања.

Градимир Марковски