Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Поведена постапка за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против лицето кое во изминатите неколку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против лицето кое во изминатите неколку месеци ја загрози сигурноста на градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство. Постапката е поведена поради основано сомнение дека осомничениот, 40-годишен кавадарец, ги сторил кривичните дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 и Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на неколку месеци, започнувајќи од август до 29 декември 2019 година, осомничениот во повеќе наврати психички го малтретирал и навредувал градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Психичкото насилство започнало со закани и објавување статии со клевети и навреди по социјалните мрежи.

Осомничениот повикувал и други лица, користејќи се со повици во кои се содржат зборови од насилна природа. Тој континуирано го следел оштетениот и неговото семејство, ја фотографирал куќата во која тие живеат и преку нивни роднини им упатувал сериозни закани.

Реклама

Ваквото однесување на осомничениот било пријавувано во полициската станица во Кавадарци, од каде неколкупати бил опоменуван, но и покрај тоа продолжил да врши психичко насилство и да ја загрузова сигурноста на оштетениот. Насилството кулминирало вечерта на 28 декември, откако осомничениот поради фотографирање на домот на градоначалникот бил повикан во полициска станица, а во негово име на оштетениот телефонски му се јавило друго лице, упатувајќи му сериозни закани.

Заканите продолжиле и од страна на осомничениот , упатени преку социјални мрежи, во кои тој повикува градоначалникот „да плати со крв и месо“. Ваквите закани го исполнуваат битието од кривичното дело – Загрозување на сигурноста, бидејќи со заканата упатена преку информатички систем осомничениот се заканува дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 5 години. Со психичко малтретирање на градоначалникот и на членовите на неговото семејство, кај кои предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, осомничениот ги исполнил елементите на кривичното дело – Насилство.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот оцени дека се исполнети законските основи, како и дека постои можност осомничениот да го повтори делото или да го изврши делото со кое се заканува, па во насока на непречено водење на кривичната постапка до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​