Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Нема одговор што ќе се случи со армијата советници на Заев по неговото заминување од Владата

Ќе ги задржи ли Спасовски педесетмината на Заев? Што ќе се случи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе ги задржи ли Спасовски педесетмината на Заев? Што ќе се случи со армијата советници на премиерот по неговата оставка, односно по формирањето на преодна Влада и клучно, дали вооошто се потребни советите што според груба пресметка ги чинат граѓаните најмалку 25.000 евра месечно во период на „влада за избори“?

Од кабинетот на Заев, избегуваат да дадат одговор на низата прашања за иднината на историски најбројните 50 владини советници. Па велат, премиер сè уште бил Зоран Заев, а нè упатија одговори да бараме преку слободен пристап на информации. Оттаму вообичаено појаснувања се добиваат за најмалку триесет дена.

-Претседател на Владата на Република Северна Македонија сѐ уште е Зоран Заев. Исто така, не е закажана седница за гласање на техничка Влада. Ви посочуваме Вашите прашања да ги упатите преку слободен пристап до информации од јавен карактер, преку соодветната законска постапка, велат оттаму.

Реклама

Ама од Владата не одговараат ниту колкав е моменталниот број на советници, откако дел од нив си заминаа, а и каков договор има секој еден што „му дели ум“ за пари на претседателот на Владата.

Според досегашната пракса, можни се неколку опции. Идниот технички мандатар, има право да одлучи дали ќе ги задржи, ќе ангажира нови или воопшто нема да има советници, бидејќи ваквите ангажмани се поврзани со владиниот кабинет, односно, со лицето што во моментот ја извршува функцијата – премиер.

Па, ако сè оди според планот и профукционира техничката влада, Оливер Спасовски ќе има моќ да одлучи дали во наредните три месеци, ќе се плаќа за совети што во т.н. „предизборен процес“ не се неоходни, оти има ситуација „лер“ кога се замрзнати сите постапки. Неизвесно е дали тој како технички премиер ќе даде „амин“ во наредните три месеци „за џабе“ да се исплатат околу 75.000 евра, народни пари. Секако, во оваа сума не се вбрујуваат службени патувања во странство, телефонски сметки и деловни состаноци, кои се ставаат под ставка „привилегии“ на советниците.

Износот 75.000 ќе беше и уште поголем, но дел од експертите на Заев, на два месеци пред формирање на техничка влада, решија да си најдат друга работа. Па тој си остана без специјалната, за земјоделие, Ленче Николовска која си најде уште поплатена работа, а крај на советите за Заев одлучи да стави и Мерсел Биљали кој, „делеше ум“ за подобрување на меѓуетничките односи.

Од списокот советници на Заев претходно, се прешкрта и универзитетскиот професор Ванчо Узунов, кој според договорот требаше да советува до крајот на 2019 година.

Сања Трајковска Ставров