Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Двојна среќа во 2020 – годината ќе биде женска и машка

Двојна среќа за 2020 – првпат на државната гинекологија, родени близнаци на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојна среќа за 2020 – првпат на државната гинекологија, родени близнаци на стартот на годината. Сепак, женското побрзо. Анастасија „ги фати“ првите секунди годинава, а Габриел, на свет дојде три минути по полноќ. Оваа принова, семејството Рунтеви ја очекувале шест години. Иако близнаците се предвреме родени, нивната здравствена состојба е добра.

-Првпат на Клиниката во новата година имаме раѓање на близнаци. Тоа ќе ја одбележи 2020 година, а се надевам дека таа ќе биде побериќетна и посреќна. Првото од близначињата што се роди во 00.01 часот е девојче, тешко 2360 грама и долго 47 сантиметри, а второто кое се роди во 00.03 часот е машко, тешко 1760 грама и долго 46 сантиметри. Бебињата се родени една недела предвреме, а токму предвремно родените деца се најголемите борци“, изјави д-р Викторија Јовановска, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Како што е редот, првите дечиња добија и подароци. Плишани мечиња, ама и штедни книшки, со по 20.000 за 2020-та. Шилегов признава, набрзнина се присобрало за да има двоен подарок, со оглед на тоа што се близначиња.

Реклама

-Градот го дава вообичениот подарок. Со оглед на тоа што се близнаци, морам да споменат дека успеавме, се снајдовме, секако функционален е градот, па и за двете дечиња има истовиден подарок, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Министерката Мила Царовска, пак, се радува што првороденото од близначињата е Анастасија.

-Посебно сум среќна што годинава имаме близнаци и што сите заедно може да ја споделиме среќата со родителите. Првото од близначињата е девојче и очекувам 2020 година да биде супешна, позитивна и со женска енергија, изјави Царовска.

Ако денот се познава по утрото, а годината по прворожбата, 2020 -та треба да е двојно бериќетна.

Сања Трајковска Ставров