Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Македонија

Рахиќ: 100 проценти да го искорениме криминалот нема да биде интересно

100 проценти да го искорениме криминалот нема да биде интересно, порача директорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

100 проценти да го искорениме криминалот нема да биде интересно, порача директорот на истражниот затвор Шутка, Есад Рахиќ. Тој запрашан за корумпираните полицајци, преку кои притворениците и осудените лица во Шутка, добиваат најголем број случаи мобилни телефони, а неретко и наркотични средства, вели состојбата била многу подобрена, полицајците кои биле фатени биле суспендирани, но дека целосно решавање на оваа состојба е невозможно.

-Вистинските криминалци секогаш ќе најдат начин, јас сум разговарал и со управници директори надвор, во Европската унија и таму има, дека има има, дека максимално се трудиме и бориме тоа да го спречиме, се бориме, успеваме прилично добро. Меѓутоа секогаш ќе има, 100 посто да го искорениме криминалот нема да биде интересно, и кај вас новинарите има новинари, изјави Рахиќ.

Она што веќе е јасно е дека затворите во Македонија, меѓу кои и Шутка, кубурат со кадар, една од главните причини се ниските плати, Рахиќ го потврдува овој проблем, вели работата на затворските полицајци е доста тешка, дури полициската работа не е единствената ШТО ја вршат.

Реклама

-Имате луѓе што се неколку години тука, значи имаат проблеми со себе. Секој полицаец тука е за жал и психијатар и психолог и социолог и социјален работник, изјави Рахиќ.

Во извештаите на меѓународните организации, невладините во Македонија, како и на народниот правобранител условите во затворите се оценети како катастрофални. Рахиќ со цел подобрување на условите најави дека затворениците ќе добиеле две соби за молитва.

-Ние имаме две амбуланти, едната стара и нова. Сега старата амбуланта ќе биде реновинара, ќе ја видите, има стоматолошки дел и амбуланта, а новата ќе биде поделена во две простории, кои што ќе бидат соби за молитва, изјави Рахиќ.

Рахиќ сепак реши да се пофали дека откако тој станал директор, односно во последните шест месеци условите во затворите биле многу подобрени. Со помош на донации од фирми реновиран бил кровот, поставени биле фотоволтаични системи, реновирани биле и ќелии и тоалети.

Матеја Петровски