Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Самохрана мајка остана без работа, била принудувана да извршува партиски задачи

Самохрана мајка на двајца студенти оставена без работа. Градските власти во Брово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самохрана мајка на двајца студенти оставена без работа. Градските власти во Брово не и го продолжија договорот за работа наставник по англиски во основното училиште Дедо Иљо учителот..речиси девет години оваа жена се бори да добие решение за вработување.

Двете дипломи на Павлина Мановска една од економскиот , друга од филолошкиот за тамошните власти не се доволни за да и го трансформираат договорот од определено, на непределено. Павлина реши јавно да проговори за она што се случува во образованието.

Буквално сите наставници што се вработени во училиштето се сите после мене, освен една наставничка .јас секогаш сум работела на испразнето место, никогаш не сум била на замена на некој за да рече дека не сум во можност да барам трансформација или не ги исполнувам законските услови. –објаснува Мановска

Реклама

Мановска коментира дека образованието е местотот каде се прават најголемите партиски игри. Не е член на СДСМ, но за да го задржи работното место била принудена да одработува за партијата.

Едвај чекав да дојде промена на власта за да го решам мојот статус бидејки сум самохрана мајка.Затоа не ми е јасно,пракам порака до властите да видат какви луге поставиле по локалните самоуправи и по нивните општински организации ,буквално да изиграваат локални шерифи по општините и да си играт со судбината на лугето-вели Мановска.

Се обратила до народниот правобранител,ресорното министерство,побарала помош дури и од адвокат кој и сугерирал дека ваквите случаи можат да имат правна разврска секаде, но не и кај нас. Мановска прашува зошто законот нема ист аршин..

Неговиот одговор беше требало јас да почекам,требало да се испитуваат објективни околности.Епа како тој градоначалник,испитува објекивни околности само за мене, а не ги испитува за неговата сопруга што ја трансформираше еден месец вракање во Дедо Иљо Малешевски, беше на работа во Струмица и и даде трансформацијаИстовремено изврши трансформација на уште две други наставницки кои имат и помалку работен стаж од мене..-вели Мановска

Алфа побара одговор и од градоначалникот на Берово Ѕвонко Пекевски. Според него трансферот на наставничката од Пехчево во Берово и трансформацијата на работниот однос на жена му се согласно законот.

Вината ја гледа кај Мановска, veli deka избрзала директно го прашавме, дали општината ќе помогне на оваа самохрана мајка
Доколку има можност,но не сакам сега да разговараме, туку кога ке се создадат услови, да разговараме на ангажман повторно на определено работно време .Во овој момент се уште не се остварливи-вели Пекевски

Нашата соговорничка е единствена со завршен англиски јазик што се наоѓа на листата на невработени на АВРМ во Берово.

Александра Ристевска