Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Македонија

Јовески порачува: Подобро да нема нов закон за Јавно обвинителство ако е резултат на дневно политички договарања

Подобро да нема нов закон за Јавно обвинителство, отколку истиот да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобро да нема нов закон за Јавно обвинителство, отколку истиот да биде донесен со политички договор, порача во своето годишно обраќање републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Токму овој закон сепак е една од работите за кои власта и опозицијата не можат да ги приближат ставовите.

-Она што е неопходно, не заради Брисел, е носење нов закон за Јавно обвинителство. Но ќе подвлечам квалитетен и издржан закон, а не решенија кои ќе бидат резултат на дневно политички договорања. Подобро да не се донесе закон, отколку да се изгласа закон со вакви решенија, изјави Јовески.

Иако во јавноста постојат сомнежи дека обвинителите во Македонија работат селективно, Јовески вели такво нешто не е точно. Спомена дека во текот на минатата година Обвинителството отворило истраги против јавен обвинител и пратеник во Собранието. Сепак признава дека не е се перфектно.

Реклама

-Имаме и проблеми и слабости, но имаме пред се подготвеност за одговорно и ефикасно справување со криминалот. Во годината која изминува се отворија истраги и обвинителите сериозно работеа и работат на предмети во кои сторителите на кривични дела ќе бидат казнети, изјави Јовески.

Јовески најави дека поединечно ќе се оценува работата на секој на секој јавен обвинител преку систем за утврдување на резултатите на обвинителите. Според него на овој начин ќе се евидентира нивната работа со единствена цел зголемување на ефикасноста во постапувањето.

Матеја Петровски