Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Административците и помошниот персонал на протест, Синдикатите помеѓу два огна

„Дела, а не само зборови!“ Ваква порака упатија административците и помошниот персонал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Дела, а не само зборови!“ Ваква порака упатија административците и помошниот персонал во здравствениот сектор до министерот Филипче. Лути, протестираа оти, здравствените власти ги изоставија од последниот бран на покачување на платите на лекарите и медицинските сестри најавен за од февруари наредната година. Црвена линија повлекуваат на 10 % раст на платите. А освен тужби, најавија и претставки, за оценка на уставноста на договорите.

-Доколку биде потпишан анексот на Колективниот договор и ќе повеме иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост. Сите правни мерки, ќе ги примениме за да успееме во нашите барања, а тие се основни права што ние ги заслужуваме по основ на работен однос, а тоа е право да не бидеме дискриминирани, односно право да бидеме третирани еднакво со другите вработени, изјави Лејла Јеремиќ, вработена во Психијатриската болница во Скопје.

Тие бараат од Синдикатите да не го потпишуваат колективниот договор, а со тоа нема да има поголеми плати за лекарите и медицинските сестри. Од Синдикатот на Клинички, од каде го поддржаа протестот, велат дека се ставени „во небрано“.

Реклама

-Не знаеме како правилно да постапиме. Ако не го потпишеме до 2 јануари Колективниот договор кој ќе ни гарантира утре дека луѓето ќе добијат зголемување на платите, ќе има ситуација сите да бидат незадоволни и кој ќе гарантира утре дека техничката влада сигурно ќе го потпише тој колективен договор. Навистина сме во деликатна ситуација. Опцијата да не потпишеме е многу деликатна, а јас како претседател имам и обврска да потпишам бидејќи советот веќе донесе таква одлука, па обврзан сум да ја почитувам, изјави Д-р Горан Беговиќ, Претседател на Синдикатот на Клинички центар.

Администратиците во здравството, правниците, возачите, болничарите, хигиеничарите, со оценување на уставноста недвосмислено ја испраќаат пораката „или сите ќе добиеме покачување или никој“. Па, раздорот помеѓу вработените во здравството, може сите да ги чини многу. Доколку „падне“ одлука на суд оти колективниот договор не е уставен, се доведуваат во прашање сите покачувања на платите.

Сања Трајковска Ставров