Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Бачовска Недиќ: Несреќна одлука е одложувањето на пописот

Поразителен факт е земја претендент за членство во ЕУ осумнаесет години да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поразителен факт е земја претендент за членство во ЕУ осумнаесет години да нема спроведено попис, вели професорката од Правниот факултет, Јасна Бачовска Недиќ. Според неа, оваа операција која е задолжителна според препораките на ОН, наместо како реална потреба, во земјава се перцепира како политичка акција. Пописот не е само пребројување на помалите етнички заедници, вели Бачовска Недиќ, туку статистика која е клучна за нормално функционирање на општеството.

„Нашата цел беше да кажеме дека пописот не е само тоа, тоа е еден од аспектите, туку пописот е една значајна статистичка операција којашто треба да понуди целосна информација за нашето општество – економска, политичка, образовна… Знаеме дека пописот беше предвиден за во април 2020 година, еве сега имаме повторно најавување дека можеби во 2021 година, што е една несреќна ситуација“, вели професорката.

Надлежните децидни – пописот не смее да се стави во функција на предизборните кампањи, па затоа тој наместо на пролет, ќе се одржи во април 2021-та. Концептот на пописниот прашалник нема да се менува, вели првиот човек на Државната статистика, а во меѓувреме ќе се спроведел уште еден пилот попис.

Реклама

„Ценевме дека е подобро да биде 2021 година, од проста причина што трае некоја процедура, после изборите да се формира Парламент, можеби и нова Влада којашто треба да почне да работи. Нас ни е многу битна поддршката, логистиката што треба да ја обезбеди Владата и сите министерства, Министерството за правда, Министерството за социјална политика, кои треба да бидат во функција“, вели директорот на Статистика, Апостол Симевски.

Денеска беше промовиран и прирачник за новинарите – целта била, преку медиумите да се подигне јавната свест за потребата од итно спроведување на оваа статистичка операција.

Биљана Божиновска