Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Македонија

Некогаш бизнисмен, денеска бездомник -Трагична приказна на Таир Даут

Некогаш бизнисмен и фамилијарен човек со две деца, но по игра на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некогаш бизнисмен и фамилијарен човек со две деца, но по игра на судбината денеска бездомник со само една единствена желба- топол дом.

Скопјанецот Таир Даут си ја отвори душата пред камерата на алфа, вели недостасува чувство на топлина и сигурност, посебно во овие празнични денови. Даут некогаш имал сопствен дом, семејство и пари, а денес студените денови ги поминува во пунктот за бездомници во Момин Поток, работи како бербер и се грижи за достоинствениот изглед на останатите бездомници.

„Желбата за топол дом е дефинитивно, многу голема, меѓутоа и со ова што го имам сум задоволен“, рече Таир Даут- бездомник

Реклама

Иако од Црвен крст се погрижиле и овој човек да има покрив над главата, Даут се плаши дека ќе заборави какво е чувството да се има нешто свое, па макар и само една топла соба.

Пунктот на црвен крст пак, во пресрет на новогодишните празници традиционално се погрижи за околу шеесетина бездомници. Им поделија топол оброк, облека и лекарски преглед.

„Пакетите денеска ги доставивме и ќе допринесат во олеснување на зимските денови“, изјави Сузана Тунева- Пауновска, секретар на Црвен крст.

На територијата на Скопје минатата година во базата на податоци на Црвен крст биле регистрирани 180 лица- корисници на услугите на пунктот во Момин Поток.

Симона Србиноска